Физичко Здравје

Препораки за одржување на нормален холестерол

нормален холестерол

Концентрацијата на холестерол во крвта, дава претстава за замастеноста во целиот организам. Високите нивоа се поврзани со оштетување на артериите, што води кон срцеви заболувања, срцев или мозочен удар. Одредувањето на концентрацијата во крвта на ‘лошиот’ холестерол – LDL и ‘добриот’ холестерол –  HDL, како и триглицеридите, и нивното толкување, може да Ви помогне да го разберете нивното значење, а при тоа да осознаете како може да влијаете и да направите промени , со што ќе ги регулирате.

На овие работи треба да обрнете особено внимание, за да не се доведете во ризична ситуација:

Редовно контролирање

Високите нивоа на холестерол во крвта, не значи дека предизвикуваат некакви симптоми. Затоа е потребно редовно контролирање, при изработка на крвните анализи, обавезно да се испитува и липидниот статус. Доколку се забележи отстапување на вредностите од референтните граници, лекарот ќе препорача понатамошно следење, или, ако е потребно, лекување.

Редовно вежбање

Редовното вежбање и физичка активност е најдобар начин за да се држи под контрола холестеролот. Не треба да трчате маратон, но 3-4 пати неделно, по 40 минутна активност пешачење, пливање, возење велодипед, танцување, се одлична опција. Или, ако немате толку време, секој ден по 10-минутна активност ќе ги задоволи потребите на организмот.

Предолго седење

Се поврзува со гојазност, срцеви болест и висок крвен притисок. Долгото седење го намалува ‘добриот’ холестерол, и се покачуваат нивоата на триглицериди. Ако работата Ви е покрај компјутер, трудете се на секои 30 минути да станувате и да се движите.

Пушење

Цигарите го намалуваат ‘добриот’ холестерол, и се поврзува со висок крвен притисок, дијабет и срцеви болести. Откажувањето од цигари, значи дека спречувате болест на артериите.

Ја игнорирате телесната тежина

Прекумерната тежина, особено масните наслаги во пределот на стомакот, носат поголем ризик од покачување на ‘лошиот’ холестерол – LDL и намалување на ‘добриот’ холестерол – HDL. Консултирајте се со лекарот за најдобриот начин за диететски режим за да изгубите на телесна тежина.

Јадете премногу заситени масти

Месото – свинско, јагнешко, говедско, полномасни млечни производи како путер, млеко, сирење, јогурт, како и тропските масла како палмино и кокосово, го покачуваат LDL холестеролот во крвта. Заменете ги овие производи со обезмастено млеко и нискомаслен јогурт, а месото нека биде посно. Ако веќе имате покачен холестерол, не треба да примате повеќе од 6% калории од заситените масти.

Јадете многу транс масти

Брзата, готова храна, слатките, грицките, и голем дел од готовата храна во супермаркетите, содржи транс масти, кои значително влијаат на концентрацијата на холестеролот. Јадете свежо овошје и зеленчук, цели житарици, нискомаслени млечни производи, живина, риба и јаткасти плодови.

Не внесувате воопшто маснотии

Името масти (маснотии) не значи дека сите се лоши. Заменете ги заситените и транс мастите со поздрава варијанта на полинезаситени и мононезаситени масти, кои се наоѓаат во пастрмка, лосос, харинга, авокадо, маслинки, ореви, течни растителни масла. Но, дневниот внес на вкупните калории да не биде повеќе од 30% од мастите.

Заборавате на диететските влакна

Постојат два типа: растворливи, кои се раствараат во вода и нерастворливи. И двата типа се добри за здравјето на срцето, но, растворливите се особено добри за намалување на ‘лошиот’ холестерол – LDL. Додадете во вашата исхрана за појадок овесна каша, овошје, грав, леќа, зеленчук.

Пиете премногу алкохол

Преголемата количина на алкохол доведува до зголемување на вредностите на холестерол. За жени оптимално е една чаша на ден, а за мажи две. Ако се придржувате до овие препораки, дури ќе постигнете ефект на оптимални вредности на добриот холестерол.

Ги игнорирате другите здравствени состојби

Повеќе хронични болести доведуваат до покачување на холестеролот, како висок крвен притисок, дијабет, бубрежни и хепатални заболувања, хипотироидизам. Затоа е потребно овие болести добро да се контролирани, за да бидат оптимални и вредностите на холестеролот.

Понекогаш ги заборавате лековите

Ако заборавате да ги испиете лековите на време, не обидувајте се сами да ја надокнадите дозата и да смислувате сопствени режими. Секогаш консултирајте се со лекарот и задолжително информирајте го ако примате и други лекови, за да се провери евентуалната интеракција помеѓу лековите.

На следниот линк прочитајте: Дали е возможно да ги одзатнете артериите?

М.Д.
error: