Физичко Здравје

Потсетете се за причините, последиците и фактите за гојазноста и прекумерната тежина

Гојазноста и прекумерната телесна тежина се дефинираат како абнормална или прекумерна акумулација на маснотии во организмот, кои може да влијаат врз здравствената состојба.

Кои се причините за гојазност и прекумерна тежина?

Основната причина е дисбаланс на енергијата помеѓу калориите кои се консумираат и калориите кои се трошат. Генерално, може да се каже дека причините се делат на две групи:

  • зголемен внес на високо-енергетска храна богата со маснотии; и
  • физичка неактивност поради природата на работата, промена на начинот на транспорт, зголемената урбанизација.

Кои се најчести последици по здравјето?

Според податоците од СЗО (Светска Здравствена Организација) зголемениот БМИ индекс е најголем ризик фактор за појава на следните заболувања:

  • кардиоваскуларни заболувања (главно болести на срцето и инфаркт), кои биле главни причини за смртност во 2012 година;
  • дијабет;
  • мускулоскелетни заболубања (особено остеоартрит);
  • некои видови на канцер (ендометријален, канцер на дојка, оваријален, рак на простата, црн дроб, бубрези, жолчно ќесе, дебело црево)

Гојазноста кај децата, исто така,  може да доведе до сериозни проблеми со дишењето, зголемен ризик од фрактури, хипертензија, резистенција на инсулин и сериозни психолошки проблеми.

Како може да се намали појавата на гојазност  и прекумерна тежина?

Основните препораки од СЗО, за спречување и намалување на гојазноста и прекумерната тежина, пред сè, се однесуваат на влијанието на околината и општеството. Со тоа што ќе допринесе за поголем избор на здрава храна, поттикнување на редовна физичка активност, ќе влијае на свесноста на луѓето за повеќе да се грижат за своето психофизичко здравје.

Индивидуално, она што секој засегнат може да го преземе е следното:

  • да се ограничи внесот на масти и шеќери;
  • да се зголеми консумирање на свежо овошје и зеленчук, како и легуминозни растенија, житарици и јаткасти плодови;
  • редовна физичка активност (60 минути за деца и 150 минути за возрасни, распределени преку целата седмица)

При сето ова, важна улога има и индустријата за производство на храна, која треба да промовира здрава исхрана, преку:

  • намалување на содржината на маснотии, шеќери и сол во преработената храна;
  • здравата и нутритивната храна ќе биде достапна за сите консументи;
  • рестрикција на маркетингот на храна која е богата со шеќери, сол, маснотии, особено онаа храна која е наменета за децата и тинејџерите;
  • да се обезбедат услови за избор на здрава храна и да се поддржува физичката активност во работната средина.

Неколку факти за гојазноста и прекумерната телесна тежина

Скорешните податоци од СЗО говорат за следните факти:

  • во 2016 година, повеќе од 1,9 билиони возрасни над 18 години се регистрирани со прекумерна тежина, а преку 650 милиони од нив биле гојазни.
  • во 2016 година, 39% возрасни над 18 години биле со прекумерна телесна тежина (39% мажи и 40% жени).
  • на глобално ниво, бројката на гојазни лица тројно се зголемила во периодот од 1975 до 2016 година.
  • во 2016 година, бројката на деца под 5-годишна возраст изнесувала приближно 41 милион.
  • преку 340 милиони деца и адолесценти, на возраст од 5-19 години се регистрирани со прекумерна тежина или гојазност, во 2016 година.

Во 2004 година е усвоена “СЗО Глобална стратегија за исхрана, физичка активност и здравје“, која ги опишува потребните активности за поддршка на здравата исхрана и редовната физичка активност. Оваа стратегија ги повикува сите засегнати страни да преземат активности на глобално, регионално и локално ниво за промовирање и подобрување на здравата исхрана и физичката активност.

 

 

Прочитајте на следниот линк: Физичка активност – клучот за здраво тело и за здрав дух

 

 

М.Д.

error: