Физичко Здравје

Поспаност – симптом на мозочен карцином?

Доколку често се чувствувате поспани, дури и ако сте се наспале претходната ноќ, задолжително обратете се на лекар бидејќи овој симптом може да укажува на опасна болест.

Поспаноста е природна појава, но понекогаш може да биде и знак дека во телото се развива карцином. Истражувањата укажуваат дека пациентите заболени од карцином на мозокот често имаат чувство на поспаност. Посебно треба да се биде внимателен доколку овој симптом се појавува заедно со неподносливи главоболки.

„Кога ќе се земе предвид дека секоја ќелија во мозокот може да стане тумор, и дека сите информации од секој дел од телото патуваат кон мозокот и од него заминуваат, јасно е дека пописот на потенцијални симптоми на тумор може да биде бесконечен“ вели доктор Теодор Шварц.

Исто така, за тумор на мозок симптомите се проблеми со видот и говорот, мачнина и повраќање, како и парализа на една страна од телото. Поспаноста не мора да биде сигнал за ваква голема болест, но секако треба да се направат одредени анализи. Доколку снимката на главата биде добра, важно е да се направат анализи кај невролог.

 

 

Н.Н.

error: