Физичко Здравје

Полипи: што се тоа и каде сè може да се појават?

полипи

Полипите се мала групација на клетки кои растат во телото. Може да бидат единечни, но, и да се групираат во формации. Некои полипи се бенигни, но, некои, може да преминат во малигни, односно во карцином. Зависи од нивната локација, причината за нивно формирање и колку долго се наоѓаат на локацијата.

Полипи во дебело црево

Тие се многу почести отколку што знаете. Постојат 2 типа:

  • Хиперпластични полипи – мали, растат при завршетокот на дебелото црево и вообичаено не преминуваат во карцином.
  • Аденоматозни полипи – се јавуваат кај повеќето луѓе. Ако се големи, може да преминат во карцином, но, обично треба да поминат години за тоа. Повеќето од нив остануваат неканцерогени.

Дијагноза се поставува со колоноскопија, при што мала камера се инсертира во аналниот отвор што овозможува видливост на дебелото црево. Полипите може да се отстранат, а примерокот се праќа во патохистолошка лабораторија, за да се провери дали станува збор за канцерогени или не. Колку порано се откријат, толку се намалуваат шансите да преминат полипите во канцерогени. Најдобро е да се почне со колоноскопија на возраст од 50 години.

Ушни полипи

Овие формации како гроздови растат во средното уво или во ушниот канал. Често се црвени и крварат лесно на допир. Понекогаш може да бидат и канцерогени. Лекарот може само да претпоставува дали растат сами од себе или се предизвикани од инфекција или некоја друга состојба.

Ако лекарот смета дека се резултат на инфекција, ќе препише терапија со антибиотици. Но, ако тоа не помогне, ќе треба да се направи биопсија за да се испита патохистолошки. Ако не исчезнат, ќе мора хируршки да се отстранат.

Назални полипи

Повеќето се неканцерогени. Се појавуваат во внатрешноста на носните патишта или синусите, кога слузницата е воспалена и отечена подолго време. Тие може да го намалат чувството за мирис, да предизвикаат течење на носот, главоболки и ‘рчење. Може да пораснат доволно големи за да предизвикаат инфекција или да го отежнат нормалното дишење.

Дијагнозата се поставува според симптомите и со назален ендоскоп. Терапијата со лекови може да помогне за елиминирање на симптомите, а антибиотиците да ја излечат инфекцијата. Но, ако не поминуваат со терапија, тогаш ќе треба да се отстранат, понекогаш дури и хируршки.

Полипи на матката

Познати и како ендометријални полипи, растат во ѕидот на матката. Вообичаено се неканцерогени, но може да влијаат врз редовниот менструален циклус или да предивикаат потешкотии за овозможување на бременост.

Дијагнозата се при гинеколошки преглед и врз основа на симптомите. Може да се земе и биопсија. Третман може и да не е потребен, ако немате симптоми. Но, како полипите предизвикуваат обилни крварења, проблеми за забременување, или се појавуваат после менопауза, секако ќе треба да се отстранат.

Полипи на гласните жици

Неканцерогени израстоци или лезии на гласните жици, кои вообичаено растат само на едната страна. Гласот може да биде засипнат, понизок од вообичаено, да го изгубите во средина на реченица, а ќе Ви биде потребно да вложите поголем напор за зборување или пеење.

Дијагнозата ја поставува лекарот, со ендоскопска камера, а заедно со симптомите кои ги имате. Одмарање на гласот и вежби може да Ви помогнат, додека за пеачите е потребна хируршка интервенција за отстранување на полипите.

Стомачни полипи

Или таканаречени гастрични полипи, се формираат на ѕидот на стомакот. Повеќето од нив не преминуваат во канцерогени, но некои типови може да укажат на потенцијален развој на болеста во иднина. Симптоми вообичаено нема, па нивното откривање е случајно, при изведување на некои други тестови.

Ендоскопски може да се видат. Ако постои тип аденома, треба да се отстрани и да се направи испитување, затоа што шансите да развијат карцином се поголеми. При тоа, се испитува и присуство на бактерија Helicobacter Pylori, која е можен причинител за развој на стомачни полипи. За малите полипи кои не се аденоми, веројатно нема да се отстранат, туку ќе се следат со текот на времето, за разлика од големите, кои треба хируршки да се отстранат.

На следниот линк прочитајте за: Цинк: Зошто му е потребен на организмот?

М.Д.

error: