Физичко Здравје

ОВА НЕ СМЕЕТЕ ДА ГО ИГНОРИРАТЕ: 5 рани симптоми на рак на панкреас

Ракот на панкреас е на четврто место помеѓу причините за смрт од малигни болести.  Тешко е да се утврди во рана фаза, а едноставни и евтини тестови кои би можеле широко да се применуваат, за жал, нема.

Најчесто се јавува кај лицата постари од 60 години, иако е забележан и кај лица помлади од 30 години. Со оглед на тоа што станува збор за рак кој има една од најголемите стапки на смртност, превенцијата и раната дијагноза се најважни.

Зошто е тешко да се открие во раната фаза?

Причината е положбата на овој орган кој се наоѓа на такво место што е тешко да се открие со случаен преглед, а симптомите се такви што луѓето често ги игнорираат. Јасно е колку е важно да ги препознаете, па ви посочуваме неколку најчести симптоми…

Изгледате како да сте во четвртиот месец од бременоста

Доколку чувствувате надуеност по обилниот оброк, нема простор за паника, но доколку сте подуени неколку дена, тоа веќе е сигнал дека нешто не е во ред. Најчесто, не станува збор за рак, но секако треба да се провери.

Очите и кожата се жолти

Жолтилото може да биде симптом на проблеми поврзани со алкохолот, откажување на црниот дроб или рак на панкреасот, затоа што поголемиот број на тумори на панкреасот прво се развиваат во горниот дел од органите, па така може да го блокираат жолчниот канал. Без оглед на причините, овие симптоми не смеете да ги игнорирате.

Мака ви е од десертите

Губењето на апетитот е еден од важните симптоми на рак на панкреасот. Како расте туморот, ги притиска останатите органи, па почнува да му пречи на желудникот. Резултира со чувство на слабост и прејадување иако сте јаделе многу малку.

Губите килограми

Тоа што го губите апетитот може да доведе до забрзано губење на килограмите, што значи дека е време да посетите доктор.

Имате болки во долниот дел од грбот

Овој тумор не само што предизвикува проблеми со желудникот, туку може и да ги притиска и останатите делови од телото како што се половината и мускулите околку неа. Доколку болката е постојана, веднаш посетете доктор.

Би можело да ве интересира и: 15 симптоми на рак кои жените не смеат да ги игнорираат

А.Т.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: