Физичко Здравје

Зошто треба да ја знаете семејната историја на болести?

наследни болести

Иако понекогаш прашањата од страна на лекарите во врска со здравствената состојба и болестите на членовите на вашето семејство Ви изгледаат непотребни, тие се многу важни факти при земањето анамнеза, како и за понатамошниот тек на вашето лекување. Наследените гени и стилот на животот на семејството на родителите, влијаат и на евентуалните здравствени проблеми со кои Вие може да се соочите.

Што треба да знае вашиот лекар?

Болестите за кои треба да го информирате лекарот се дијабетес или астма, карцином или мозочен удар, ако имале вашите родители, баба и дедо, браќа или сестри, на која возраст започнала болеста. Или ако имате смртен случај на близок член од семејството, која била причината за смртта.

Кои болести може да се повторуваат во семејствата?

Ако близок член од семејството има некоја болест, тоа не значи дека и Вие со сигурност ќе ја добиете, туку дека имате поголем ризик за да се соочите со истите проблеми. Такви болести се:

  • Дијабет
  • Деменција
  • Одредени типови на карцином
  • Висок холестерол
  • Гојазност
  • Астма
  • Срцеви болести
  • Создавање тромби
  • Артрит
  • Депресија
  • Висок крвен притисок

Како да ги добиете информациите?

Ако не знаете доволно за болестите на блиските членови во семејството, распрашувајте се кај вашите роднини, дури можете да направите и семејно стебло.

Денес, со сè поголемиот развој на медицината, можно е и да направите ДНА тестирање, преку плунката да се открие можната предиспозиција кон одредени болести.

 

На следниот линк прочитајте:  За да го намалите ризикот од развој на карцином – Престанете со овие навики

М.Д.
error: