Ментално ЗдравјеФизичко Здравје

Најновите истражувања откриваат: Дали лековите за желудник може да предизвикаат депресија?

Ново истражување објавено во списанието Психотерапија и Психосоматија откри дека постои поврзаност помеѓу честите лекови за желудник наречени ИПП(Инхибитори на протонската пумпа) и депресијата. Истражувачите велат дека апчињата може да доведат до сериозна депресија преку нарушување на бактериите во желудникот.

Честите лекови за желудник можат да предизвикаат депресија со нарушување на оската помеѓу дигестивниот систем и мозокот. Се повеќе истражувања укажуваат на многуте начини на кои бактериите во желудникот можат да влијаат врз нашата ментална и емоционална благосостојба.

Тимот на истражувачи открил дека глувци без микроби кои биле лишани од добрите бактерии во желудникот покажале симптоми на анксиозност, депресија, и когнитивни оштетувања.

Поради тоа што желудочните бактерии можат да ја изменат функцијата на нашиот мозок преку создавање одредени хормони или невротрансмитери, не треба да е изненадување тоа што истражувањата пронашле поврзаност помеѓу посттрауматски стрес и одредени видови на бактерии.

Други истражувања пак, не само што ги специфирале бактериите чиј недостиг предизвикува симптоми на депресија кај некои глодари, туку и откриле дека со дополнување на истите тие бактерии, знаците на депресија се повлекуваат.

Сега пак, набљудувачки истражувања сугерираат дека ИПП лековите – кои се вид на лекови кои се најчесто препишувани за третирање на состојби поврзани со желудочна киселина – го зголемуваат ризикот од развој на сериозна депресија.

Главниот автор на ова ново истражување е Wei-Sheng Huang, од Психијатрискиот оддел на Таипеи Болницата во Тајван.

Апчињата за желудочна киселина можат да ја нарушат оската помеѓу дигестивниот систем и мозокот

Huang заедно со неговиот тим испитале 2.366 индивидуалци кои земале ИПП лекови и потоа развиле депресија, и ги споредиле со други 9.464 луѓе кои исто земале ИПП лекови но не развиле депресија.

Истражувачите примениле анализа на логистичка регресија и ја прилагодиле на разни демографски фактори, како и на психијатриски коморбидитети како што се нарушувања на анксиозност и злоупотреба на супстанци.

Истражувањето откри дека, во споредба со тие што не развиле депресивни нарушувања, пациентите со сериозна депресија во просек земале поголема доза од ИПП лековите.

Поточно, ризикот од клиничка депресија се зголемил кај тие што ги земале лековите пантопразол, ланзопразол и рабепразол, додека кај тие што користеле омепразол и есомепразол, било забележано само мало зголемување.

„Колку што знаеме, ова е првото истражување што ја испитува поврзаноста помеѓу изложеноста на ИПП лекови и ризикот од депресија“ велат авторите на ова истражување.

Иако механизмот позади оваа врска останува мистерија, авторите даваат неколку можни објаснувања.

Лековите можат да го зголемат ризикот од депресија преку нарушување на оската помеѓу дигестивниот систем и мозкот, или преку спречување на организмот од соодветно апсорбирање на хранливите вредности по земање на ИПП лековите.

Сепак, авторите велат дека докторите сепак треба да продолжат со препишување на вакви лекови кога е потребно, но да ги имаат предвид сите несакани ефекти кои овие лекови може да ги имаат – како пневмонија и гастроинтестинални инфекции.

Huang и неговиот тим препорачуваат идните истражувања да ја испитаат патопсихологијата позади врската која тие ја пронајдоа.

 

Н.Н.

error: