Физичко Здравје

Најчести причини за појава на уртикарија

Имате проблем со уртикарија по телото? И не знаете кои се причините за нивната појава? Зошто се повторуваат?

Прочитајте за најчестите тригер фактори за појава на кожна утрикарија:

Каснување од инсекти

Повеќето убоди и каснувања од инсекти предизвикуваат црвенило, отекување на местото, или чешање. Понекогаш, освен локалната реакција на местото на убодот, може да се развие алергиска реакција по целото тело, и се појавува уртикарија (осип, црвенило, чешање на кожата, како после контакт со коприва).

Инфекција

Уртикарија може да се манифестира кога организмот пати од вирусни или бактериски инфекции, како:

  • Хепатит
  • ХИВ
  • Цитомегаловирус
  • Епштејн-Бар вирус

Понекогаш, дури и при настинка може да се појави уртикарија.

Гребнатина

Ако со ноктот поминете преку кожата, ќе забележите промена, како црвена линија на местото каде сте ја изгребале. Ако остане видлива повеќе од половина час, може да станува збор за дерматографизам. Тоа е уртикарија која се појавува од триење или гребење на кожата.

Вежбање

Кога вежбате, телесната температура се зголемува. Топлата, зацрвенета кожа е одличен домаќин за појава на уртикарија.

Стрес

Кога сте под стрес, хормоните се разбранувани, кои го поттикнуваат организмот да се спреми на борба, како одговор на стресот. Покрај другите реакции, можна е и појава на уртикарија.

Алкохол

Дали сте знаеле дека може да бидете алергични на алкохол? Нетолеранцијата на алкохол се манифестира како зацрвенување на лицето, гадење, повраќање, дијареа – и уртикарија.

Храна

Одредени видови на храна може да предизвикаат уртикарија, како што се школки, кикирики, ореви, некои овошја, млеко.

Лекови

Како несакана реакција на одредени лекови, може да се појават отоци на телото, зацрвенети, со чешање:

  • Пеницилин
  • Аспирин
  • Ибупрофен
  • Напроксен
  • Лекови за регулација на крвен притисок

Иритација на кожата

Под влијание на некаков притисок, може да се појави уртикарија. На пример:

  • Носење на тежок ранец на грбот
  • Појас
  • Седење на тврда столица подолго време

Алергија на сонце

Некои лица имаат алергија на сончевите зраци, што се манифестира како осип на деловите на телото кои биле изложени на сонце.

Топлина

Уртикаријата се влошува на топло. На пример, топла бања, изгореници од сонце, или пак покачена телесна температура.

Студ

Ниските температури, како што е студен воздух во зима, или ладната вода во базенот, може да предизвика осип.

Автоимуно заболување

Честа појава е уртикаријата кај автоимуните заболувања, поради големата активност на имуниот систем. Одбранбениот систем на организмот ги напаѓа нормалните ткива, и настануваат разни нарушувања.

Алергија на латекс

Ракавиците  за еднократна употреба од латекс, кондоми, балони, обувки – и многу други материјали кои се изработени од латекс, може да предизвикаат алергиска реакција, проследена со осип.

Алергија на домашни миленици

Влакната од домашните крзнени миленици, може да предизвикаат уртикарија, како и плунката од мачките и кучињата. Ако забележите зацрвенети кругови на кожата, после галење или играње со Вашиот миленик, веројатно дека тој е причината за појава на истите.

Прочитајте повеќе за Уртикарија – како да ја третирате во домашни услови 

М.Д.

error: