Физичко Здравје

Како и кои хронични болести ги оштетуваат бубрезите?

болести на бубрезите

Кога боледувате од некоја одредена хронична болест, неминовно страдаат бубрезите, при што може да дојде до нивно трајно оштетување, кое се влошува со текот на времето. На кои состојби треба да обрнете внимание?

Хронично бубрежно заболување

Дијабетот може да ги оштети бубрезите и да настане хронично бубрежно заболување. Тоа е трајно оштетување на бубрезите, кое се влошува со текот на времето, и доведува до дијализа или потреба од трансплантација.

Дијабет

Оваа болест е една од главните причини за дисфункција на бубрезите, затоа што настанува оштетување на малите крвни садови и се нарушува основната функција на филтрирање на крвта. Во телото се задржуваат повеќе соли и вода, како и отпадните материи, кои природно треба да се елиминираат од организмот. Поради оштетување на нервите, урината се враќа назад и настанува притисок или инфекција на бубрезите, кои дополнително ги оштетуваат.

Висок крвен притисок

Ако силата на протокот на крв низ организмот е преголема, ги оптеретува крвните садови, како и оние во бубрезите, што доведува до нивно оштетување. При тоа, се нарушува нивната функција, вишокот на течности дополнително го покачува крвниот притисок. Потребно е лекување, промена на начинот на исхрана, вежбање и намалување на стресот.

Покачен холестерол

Ако во крвта имате покачен холестерол, тој се наталожува во крвните садови на бубрезите, што го отежнува нивното функционирање. При тоа, поголем е ризикот за добивање на покачен крвен притисок и дијабет.

Лупус

Кога лупусот ги напаѓа бубрезите, се нарекува лупус нефритис. Доведува до воспаление и оштетување на малите крвни садови кои ги филтрираат отпадните материи од бубрезите. Може да се лекува со одредени лекови.

Анорексија нервоза

Нејадењето доволно, за да се остане во добра линија (а имаат до 15% помалку телесна тежина отколку што е нормално), доведува до недостаток на соли и вода во организмот, што со тек на време, може да доведе до хронично бубрежно заболување и во краен случај, откажување на бубрезите. Особено во ризична категорија спаѓаат оние кои повраќаат и користат лаксативи за да го намалат вишокот калории.

Мултипен миелом

Повеќе од половина лица кои боледуваат од оваа болест, завршуваат со бубрежни проблеми. Овој тип на карцином ги напаѓа белите крвни клетки, кои се борат против инфекции.

Хемолитичен уремичен синдром

Ова се случува кога оштетени црвени крвни клетки го запушуваат системот за филтрирање на бубрезите, што може да доведе до нивна дисфункција. Се случува после 5-10 дена на дијареа, поради инфекција, како што е со E. coli, или под дејство на некои лекови. Повеќето случаи, ако се третираат на време, брзо опоравуваат.

ANCA Vasulitis

Состојба при која сопствените антитела во организмот ги напаѓаат малите крвни садови во бубреизте и други органи. Тоа доведува до појава на крв и протеини во урината. Други симптоми може да бидат покачена телесна температура, болки во мускули и зглобови, промена на бојата на урината (кафеава).

Прекин на мокрење

При неможност за мокрење, урината се задржува и ги оштетува бубрезите, а страдаат и други делови на организмот. Состојби кои може да доведат до оваа сосотојба се: зголемена простата, карцином на простата, камења во бубрези, карцином на мочен меур, згрутчување на крвта во уринарниот систем, карцином на дебело црево или некои други состојби.

Згрутчување на крвта

Многу состојби може да доведат до појава на згрутчувања во крвта, но, тромбоцитна тромбоцитопенична пурпура е најчесто поврзана со појава на бубрежни проблеми. При оваа болест на крвта, се создаваат згрутчувања во малите крвни садови, кои се одразуваат и на состојбата на мозокот и срцето. Симптомите се:  треска, крварење од носот или непцата, дијареа, болка во градите, конфузија, главоболка, модринки и преголем умор. Ако се третира на време, може да се спречат поголеми оштетувања.

Склеродерма

Ова е група на ретки болести кои се одразуваат на состојбата на кожата и сврзните ткива, но, понекогаш, може да ги оштетат и крвните садови и некои органи. Ако ги оштетат бубрезите и тие не функционираат нормално, протеините ќе се губат преку урината. Оваа болест може да доведе и до покачен крвен притисок, што пак, ќе доведе до забрзано откажување на работата на бубрезите.

Полицистично бубрежно заболување

Мали цисти, често исполнети со течност, кои растат во бурезите, доведуваат до нивно зголемување и оштетување на ткивото. Причината е генетска – наследена од некој од родителите. Ако не се дијагностицира и лекува на време, може да доведе до хронична бубрежна болест или крајна фаза на ренална болест.

На следниот линк прочитајте: За да го намалите ризикот од развој на карцином – Престанете со овие навики

М.Д.
error: