Физичко Здравје

Како грипот завршува фатално за 2 дена?

Франки Андерсен ја споделува својата животна приказна, за губењето на ќерката, по дводневно боледување од грип.

Како несериозниот пристап кон симптомите може да доведе до фатални последици?

Како игнорирањето на препораките од здравствените работници може да нè чини живот?

Приказната на Франки

Во 2016 година, Франки и нејзината 20-годишна ќерка, Британи, биле неразделни, работејќи заедно во семејната компанија, во Милфорд, и често патувале заедно. Во март, Британи се разболува, прво со симптоми на отечено и болно грло. Но, со земање на одредени витамини и лекови против болка, состојбата навидум и се подобрува, до наредниот ден, кога веќе до пладне, Франки не може да ја разбуди својата ќерка. Тимот на итната медицинска помош констатира слаб пулс, и под итно ја трансферираат во болницата во Sioux Falls, SD, каде се поставува дијагноза за инфлуенца, тип А. Во меѓувреме, се развива и сепса, и срцето на Британи откажува.

Кога настанува сепса, хемикалиите кои се ослободуваат во крвотокот за борба против инфекции, како што е грипот, предизвикуваат инфламација во организмот, што води кон каскада на сериозни несакани реакции, до откажување на работата на повеќе органи.

Франки и денес, после 2 години, сеуште не може да верува дека за 48 часа ја изгубила својата ќерка. Од грип, на кој што никогаш не му придавале значение, ниту пак биле болни претходно.

Смртоносен грип

Најчесто луѓето не размислуваат за грипот како посериозна болест, која може да заврши и фатално.

Според Центарот за контрола на заболувања и превенција – CDC (Centers for Disease Control and Prevention) на САД, во периодот од 2010 од 2014 година, регистрирана е смртност од компликациите од грип кај  12.000 – 56.000 луѓе. Почувствителни групи се:

  • Лица со нарушена здравствена состојба, пред се со болести на срце или бели дробови
  • Деца помали од 5 години, а особено помалите од 2 години
  • Возрасни лица над 65 години
  • Бремени жени и родилки, особено во првите 2 недели
  • Жителите на домовите за стари лица и медицинска нега

Оваа година, до средината на јануари, 20 – ина случаи на смрт на деца се поврзува со појавата на грипот во САД.

Грипот, инфлуенца тип А (познат како H3N2) е најраспространет оваа сезона во САД. Вакцината, која е направена за заштита од очекуваните видови на грип, пружа само 30% заштита оваа година, според официјалните податоци од CDC. Но, и покрај тоа, вакцината може да ги ублажи симптомите на болеста.

За повеќето луѓе симптомите на грипот може да бидат умерени. Но, постои група на пациенти, особено оние кои имаат хронични заболувања (како срцеви заболувања), кои се поосетливи на епизодите на грипот, и може да доведат до фатален исход. Грипот предизвикува проблеми со дишењето и брзо прогресира.

Во случајот со Британи, мајката Франки изјавила дека во периодот на детството, Британи имала проблеми со грлото, и неколку пати и е укажувана медицинска помош. Веројатноста дека таа имала предиспозиција кон инфекции, можеби можела да помогне вакцинацијата против грип, која би ги ублажила симптомите, и можеби би и го спасиле животот.

Лицата кои имаат хронична болест мора да посетуваат лекар редовно, кога ќе се појават некои симптоми, или доколку постоечките симптоми се влошат.

Подигање на свеста кај луѓето

На Франки воопшто не и паднало на памет да прими вакцина против грип, ниту пак за својата ќерка. Како и повеќето луѓе. Според податоците на CDC,  само по 2 од секои 5 деца и возрасни во САД биле вакцинирани во ноември 2017 година.

Најчесто размислувањата на луѓето се дека нема ефект од вакцините, и нема потреба од вакцинирање. Но, и минимална заштита е некаква заштита, и подобро е од воопшто никаква превенција.

Франки останува борец и гласноговорник, во спомен на ќерката Британи, за опасноста од  грипот, како невидлив непријател, за вредноста на вакцината и превенцијата која може да ја пружи.

 
error: