ИстегнувањеФизичко Здравје

Ишијас, болест на современиот свет – симптоми, лекување и превенција

ишијас симптоми

Околу 85% од возрасното население, се соочило некој тип на болка во половината во текот на животот.  Една од најчестите причини е ишијас, болка во половината која се протега во една од нозете. Причина за болката е нервот ишијадикус, кој преставува најдолгиот нерв во периферниот систем, кој се протега од задникот до стапалата.

Поради притисок или повреда на нервот ишијадикус, се манифестира болка во долниот дел од грбот која се шири на колкот, задникот и ногата.  Најпогодени се лицата од 30-50 година од животот. Жените имаат поголем ризик од ишијас во бременоста, поради притисокот кој матката го прави врз овој нерв.

Најчести симптоми на ишијас

Најчестиот симпт0м е болката во долниот дел од половината која се протега кон ногата. Болката најчесто се манифестира на едната нога и се влошува при седење. Во некои случаи може да се почуствува слабост или притисок во ногата. Симптомите се појавуваат одеднаш и траат со денови или недели.

Причини за појава на ишијас

Ишијасот настанува поради дегенеративни промени  на дисковите помеѓу пршлените, недоволна физичка активност, неправилно седење и одење, носење високи потпетици, дигање на тежок товар и сл. Најчести причини се:

Херниран диск: Дисковите имаат улога на перничиња помеѓу пршлените на `рбетниот столб. Овие дискови со текот на времето стануваат послаби, и внатрешниот дел од дискот излегува нанадвор и прититска на корените на нервот ишијадикус.

Спинална стеноза: Природното трошење на пршлените може да доведе до стеснување на `рбетниот канал. Ова стеснување е наречено спинална стеноза, која може да направи притисок врз нервот ишијадикус. Спиналната стеноза е најчеста кај лица на возраст над 60 години.

Тумори на `рбетот: Во поретки случаи ишијасот може да биде резултат на тумори кои растат внатре или по должината на `рбетниот мозок. Како што туморот расте, почнува да притиска на нервите кои излегуваат од `рбетниот мозок.

Како се дијагностицира?

Дијагностицирањето е според симптомите. Кај потешки случаи е потребно да се направи магнетна резонанца за да се утврди локацијата и причината за иритираниот нерв. Според резултатите од испитувањето на пациентот му се одредува соодветна терапија.

Компликации поврзани со ишијас

Во потешки случаи, ишијасот може да доведе до губење на контролата на мочниот меур и дебелото црево. Доколку почувствувате вакви симптоми веднаш контактирајте лекар, бидејќи ова е состојба за која е потребен хируршки третман за да се избегне трајно оштетување. За среќа ваквата компликација е многу ретка. Во најголем број случаи ишијасот исчезнува во рок од неколку дена или недели.

Истегнување

Додека се лекувате, обидете се да останете активни. Движењето ќе ви  помогне да се намали воспалението и болката. Терапевтот може да ви покаже како нежно да ја истегнувате погодената област и да ги зајакнете мускулите. Јогата исто така може да помогне да се стабилизира ишијасот и да се зајакнат мускулите.

Превенција на ишијас

Ако еднаш сте имале ишијас, постои шанса болката повторно да се врати. Но има неколку чекори кои треба да ги превземете за да ги намалите шансите:

  1. Вежбајте редовно
  2. Одете правилно и исправени
  3. Секогаш кога кревате тешки предмети, наведнете се со тоа што нозете ќе ги свиткате во колена

Би можело да ве интересира и: Зошто се јавува болка во грбот?

error: