Физичко Здравје

Хормонален дисбаланс – 10 симптоми на кои треба да внимавате

хормонален дисбаланс

Хормоните ги контролираат сите физиолошки процеси во телото – од регулацијата на метаболизмот, активирање на имунолошкиот систем до менструалниот циклус, производството на сперма и репродукција, па јасно е дека секој хормонален дисбаланс негативно влијае на здравјето и нормалното функционирање на телото.

Хормоните ги излачуваат овие жлезди: хипофизата, тироидната и паратироидните жлезди, градните, надбубрежните жлезди, панкреасот, машките полови жлезди (тестисите) и женските жлезди (јајниците). Поради се што наведовме многу е важно навремено да ги препознавате знаците на хормонален дисбаланс и да реагирате за нарушеното ниво на хормони да се врати во нормала и да овозможи нормално функционирање на телото.

Што сѐ може да предизвика дисбаланс на хормоните?

Во денешно време, хормонален дисбаланс е многу честа појава, особено во градовите каде што е повисоко нивото на загадување на животната средина.

Покрај надворешните фактори, силно влијание на хормоните има стресот, лошата исхрана, нечистата вода, нередовно и недоволно спиење и физичката неактивност.

Покрај нив, природни фактори кои можат да влијаат на хормонското ниво се менструалниот циклус, бременоста и менопаузата.

Други фактори кои не треба да се заборават се апчињата за контрацепција и лековите со кои се надополнуваат хормоните, со кои почесто ќе ги исфрлите од баланс своите природни хормони.

10 симптоми за хормонален дисбаланс

Дигестивни проблеми

Кортизол, хормонот на стресот предизвикува големи пореметување во физичката и менталната состојба. Меѓу најчесто погодените системи е системот за варење, па луѓето често страдаат од запек (затвор).

Редовно празнење на цревата е основен фактор во одржување на здравјето и редовно исфрлање на токсините од телото и преработените хормони.

Запек или бавни црева предизвикуваат токсините и естрогенот, кој е подготвен за исфрлање од телото, да ги задржуваат во телото и да влијае на нарушување на хормонската рамнотежа, но, исто така негативно влијае на работата на црниот дроб.

Ова дополнително предизвикува задржување на водата и чувство на надуеност што е уште еден од симптомите на хормонален дисбаланс.

Проблеми со спиењето

Жените често забележуваат проблеми со спиењето во периодот пред менструалниот циклус. Причината за ова е остар пад на нивото на прогестерон пред менструацијата.

Нивото на овој хормон паѓа и во други периоди, како што е периодот по раѓањето.

Покрај тоа, неспиењето уште предизвикува голем број на други нарушувања бидејќи влијае на нивото на хормонот на стресот кортизол, кој потоа влијае на нарушување на хормоналниот баланс.

Покрај тоа, недостатокот на сон стимулира зголемување на производството на грелинот (хормонот на глад), додека лептинот паѓа.

Грелинот е хормон кој го поттикнува апетитот, а лептинот го намалува. Значи, спиењето е многу важно за метаболичка рамнотежа и контрола на тежината.

Акни

Проблеми со акни се честа појава кај жените во период на менструација а позитивно може да се влијае со изборот на свежи намирници со познато потекло и избегнување на готова и преработена храна.

Прекумерно производство на хормони влијае на затворање на порите што предизвикува мали воспаленија, мозолчиња и разни дамки на кожата.

Во случај на болни, цистични акни кои не поминуваат, причината може да бидат андрогени хормони (машки хормони како што е тестостеронот).

Поточно, тестостеронот го поттикнува производството на себум (масти), кој останува под кожата и се комбинира со бактерии и мртвите клетки на кожата и предизвикува акни.

Кај жените колку им е повисоко нивото на тестостерон поизразени се проблемите со акни.

Би можело да ве интересира: 8 ефективни природни третмани за отстранување акни

Проблеми со помнењето

Проблеми со памтењето се често поврзани со хормонска нерамнотежа. На пример, докажано е дека зголеменото ниво на кортизол може негативно да влијае на меморијата и способноста за учење.

Постојан глад

Постојан глад е показател на прекумерното лачење на хормонот на глад, грелин. Еден од начините на кои може да се потисне чувството на глад е доволен внес на течности со чијан помош телото ќе хидрира и на клеточно ниво.

Освен грелинот, вообичаени причини за глад се неправилна работа на надбубрежните жлезди, инсулинска резистенција и други видови на хормонална нерамнотежа.

Би можело да ве интересира: 14 причини зошто сте постојано гладни

Хроничен замор

Умор уште од наутро или потреба од попладневен одмор е исто така показател на некои хормонални промени. Често индикатор за замор се проблеми со тироидната жлезда односно нејзина намалена функција.

Многу често ваквата состојба е придружена со акумулација на вишок на тежина кои е невозможно да се решат, дури и со вежбање и исхрана.

Хормоните на тироидната жлезда го контролираат метаболизмот, па со нивно опаѓање, паѓа и целиот систем на телото, вклучувајќи го тука и чукањето на срцето, менталното функционирање и варењето на храната, па јасно е зошто се чувствува умор.

Би можело да ве интересира: Синдром на Хроничен Замор – симптоми, причини и лекување

Промени во расположението и депресија

Промени во расположението, без очигледна причина редовно се показател на хормонален дисбаланс. Кај жените тоа многу често се случува во менопауза.

Анксиозноста и депресијата се показател на нерамнотежа и токсичност кои можат да бидат поврзани со стресот, преработеност но и несоодветна или недоволна исхрана и внесувањето на течности.

Зголемување на телесната тежина

Хормоналните промени често се манифестираат со акумулација на вишокот на килограми кои е невозможно да се решат ниту со диета ниту со редовно вежбање.

Една од најчестите причини се проблеми со работата на тироидната жлезда, но исто така и со несоодветна секреција на инсулин.

Веќе мали промени во исхраната, како што е исфрлање на шеќер, бело брашно и преработена храна, може значително да го подобри инсулинскиот одговор и да ја поправите целокупната хормоналната рамнотежа.

Главоболка и мигрена

Со влегувањето во менопауза жените често доживуваат главоболка и мигрена. Ова се должи на хормоналните промени кои ги доживуваат во текот на овој период од животот.

Покрај овие, причината за оваа болка може да биде зголемено произвотство на кортизол, хормонот на стресот.

Затоа, ако често имате главоболка и мигрена, обидете се да идентификувате што ги предизвикува и не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар.

Проблеми со либидото

Хормоналните промени може да имаат значително негативно влијание врз либидото и нивото на сексуалните желби.

Околината, храната и други фактори можат да влијаат на балансот на репродуктивните хормони кај мажите и кај жените што може да влијае на либидото.

Кај жените е намалена сексуалната желба и често се поврзува со намалено ниво на естроген.

Недостатокот на енергија е директно поврзано со нивото на либидото а организмот е програмирани енергијата прво да ја користи за работа на органите, одржување на виталните функции и метаболизмот.

Веќе мали промени во исхраната и избегнување на храна од непознато потекло која може да биде богата со токсини може да го подобри нивото на хормоните и да го подигне нивото на енергија и да го врати организмот во хормонална рамнотежа.

Прочитајте и: 4 совети како да се избалансираат вашите хормони

error: