Физичко Здравје

Каква исхрана се препорачува за подобрување на хипотироидизам?

хипотироидизам исхрана
Одреден вид на храна или додатоци во исрана, нема да Ви помогнат во контролирањето на состојбата на хипотироидизам. Но, може да Ви помогнат да се чувствувате подобро, да се намали стресот и да се превенираат други болести. Држете се до препораките од лекарот и пијте ги препишаните лекови. Природните и алтернативни начини на лекување не може да ги заменат конвенционалните.

Вашата исхрана нека бида здрава и балансирана

Не постои специјално мени за исхрана за лекување на тиоридните пореметувања.

“Најдобро е да се следат препораките за начин на исхрана од Американската Асоцијација на Клинички Ендокринолози”, како што вели Jeffrey Mechanick, MD.

Клучот е да се јаде балансирана храна, не премногу од ниту еден посебен вид на храна, дури и да е таа здрав избор, или сте слушнале дека е поволна за тироидното заболување.

Изберете разноврсна храна од овошје и зеленчук, јадете обоени овошја, како бобичесто овошје и грозје, кои се богат извор на антиоксиданси.

Ограничете го внесот на заситени масти, како црвено месо. Консумирајте најмалку два пати неделно морска храна, која е богата со омега-3-масни киселини.

Храна која треба да се консумира ограничено

Некои видови на храна може да влијаат на лекувањето или на начинот на работа на тироидеата:

Соја и кафе: Тие можат да ја намалат способноста на организмот да ги искористи правилно хормонските лекови. Не треба целосно да ги избегнувате, но, не треба да ги консумирате во времето приближно до времето кога треба да ги испиете лековите. Ако ги пиете наутро, тогаш почекајте неколку часа за да го испиете кафето или да јадете тофу, соја млеко или соја сос.

Алги: Вообичаено содржат висока концентрација на јод, па треба да се внимава со нивното консумирање.

Кељ, брокули, спанаќ: Исто така имаат висока содржина на јод и не треба да се претерува со нивното консумирање.

Суплементи

Не постојат докази дека додатоците во исхрана помагаат во лекувањето на хипотироидизам.

Суплементите може дури да направат поголема штета. Додатоците со јод може да доведат до пореметување на тироидеата, по што ќе создава премногу, или премалку хормони. Суплементите со витамини и не се толку здрави. Диететските влакна може да ги абсорбираат лековите и дозата да не биде правилно искористена за потребите на организмот. Билните препарати може да интерферираат со лековите, па така тие нема да бидат безбедни или ефикасни.

Не земајте суплементи без консултација со Вашиот лекар.

Комплементарни третмани

Тие ќе Ви помогнат да го намалите стресот и да се релаксирате. Секако дека не може да ги заменат конвенционалните начини на лекување.

Акупунктура: Може да делува на симптомите, го подобрува одговорот на организмот на регуларниот третман, а е добра и за имуниот систем.

Јога: Добра е за релаксација. Иако не е научно докажано, се смета дека ја подобрува циркулацијата во тироидната жлезда.

Медитација: Ќе Ви помогне за релаксација.

Избегнувајте ги “природните” производи за лекување на болести на тироидеата. Тие не подлежат на FDA контрола, а и дозирањето не е конзистентно.

Секогаш консултирајте се со Вашиот лекар пред да започнете со било каков дополнителен третман.

 

На следниот линк прочитајте: Што се тоа прехранбени пореметувања и како се лечат?

 

 

М.Д.

 

 

error: