Физичко Здравје

Хемороиди – Што се тоа и како се лечат?

што се хемороиди

Хемороидите претставуваат варикозно проширување на plexus haemorhoidales submucosis т.е внатрешни хемороиди  или plexus haemorroidales externus надворешни. Хемороидалните нодули претставуваат комплeкс на артериовенски анастамози. Поделбата е извршена според аналниот отвор, надворешните се покриени со кожа, додека внатрешните со слукожа. Хемороидите можат да бидат ,,симптоматски,, придружени или причина на некое друго заболување.

Симптоматските се јавуваат во следниве состојби

1. Преку компресија или тромбоза на горната ректална вена причинува хемороиди.
2. За време на бременост, компресија на големите ректални вени поради зголемување на матката.
3. Кај портална хипертензија (цироза).
4. При напнување за време на мокрење, при стриктура на уретра.
5. Неправилна исхрана сиромашна со раститени влакна, намален внес на течности што доведува до опстипација.
6.  Долготрајно седење и намалена физичка активност.
7. Анални инфекции придружени со дијареа.

Хемороидите се многу честа појава кај двата пола. Половина од популацијата на возраст од 50 години имаат хемороиди. Но, за жал бројката и кај младата популација се повеќе се зголемува поради новиот стил на живеење и користење на брзата храна и жестоки пијалоци.

Етиологија

Наследна. Честа појава кај членови од иста фамилија, поради вродена конституциална слабост на венските плексуси. Познато е дека варикозните вени на нозете одат во сооднос со хемороидите.

Анатомска. Собирните садови на ректалните вени лежат без поткрепа на мошне лабово субмукозно сврзно ткиво на ректумот и за време на дефекациај набрекнуваат.

Клиничка слика

Обично се работи за долгогодишна анамнеза. Пациентите почнуваат да се жалат на тежина и напнатост  во пределот на анусот придужени со печење. Едно од многубројните симтоми е  јадеж кој се јавува поради влажноста околу анусот. Крварењетo, што го содржи и самото име хемороид, е главен и ран симптом. Обично при дефекација доаѓа на крајот до крварење. Крвта е светло црвена и ги обвива фекалиите но не се измешува со нив. Хемороидите кои крварат ,но не пролабираат надвор од аналниот систем  се класифицирани како хемороиди од прв степен. Кај вториот степен доага до пролабирање но и спонтано враќање. Со текот на времето хемороидите спонтано не се враќаат туку треба дигитално да се вратат тоа е веќе третиот степен. И четвртиот степен, пролапсот, е постојан без разлика дали има дефекација или не пациентот е изнемоштен  и чест придружник е мукоидниот исцедок.

На преглед се врши инспекција:

Само четвртиот степен на пролабирани јазли се збележуваат.  Додека  третиот степен на јазли само при напнување. Надворешните јазли се видливи тие се во вид на цреши сместени окoлу аналниот отвор најчесто се црвени, тврди и болни. Другиот начин на преглед е ректално туше, т.е палпација на јазлите во внатрешноста на аналниот отвор. Подобра видливост во внатрешноста се постигнува со проктоскопија проктоскопот се воведува и ако се присутни хемороидите тие се испупчуваат во луменот на типичните места 3,7,11 часот.

Најчести компликации се профузно крварње, странгулација тромбоза,улцерација,фиброза и супурација.

Лекување на хемороидалните јазли

1.Неоперативно лекување. Едукација за правилна исхрана и хигиена. За хемороидите од прв и втор степен чепчиња, мелеми, масти.

2. Инјекциона терапија. Склерозантни средства, кои се иницираат околу интерните хемороиди.

3. Криохирургија се употребува на скоро пронајдени криосонди активирани со карбон диоксид, азот диоксид или течен. Возможно е да се замрзне хемороидот. Оваа процедура се врши без анестезија, но сепак пациентот чувствува неудобност.

4. Ласерска коагулација на хемороидите.

5. Хемороидектомија главна индикација се пролапс, болка, крварење и големи хемороиди.

 

 

Д.К.

error: