Физичко Здравје

Еве како да откриете дали имате “нервозно црево“ и како да го излечите

нервозно црево

Синдромот на иритабилно, нервозно црево преставува најчесто гастроинтестинално заболување во пракса. Гастроентеролозите регистрираат се поголем број пациенти со оваа дијагноза. Почесто се јавува жените отколку кај мажите, односот е  3:1. Првите симптоми се јавуваат до 35година.

По дефиниција нервозното црево преставува функционално пореметување на цревата кое се манифестира со грчеви, неуредни цревни празнења, промени на опстипација и диареја, исфрлање на слуз со тврда столица. За настанувањето сеуште не се утврдени причините. Органско пореметување не постои. Пациентите појавата на болестa ја поврзуваат со некоја стресна ситуацијаод животот (проблеми во фамилија, болест или смрт, финансиски проблем, траума од детството). Најчесто болните се анксиозни или депресивни. Поради овие причини спаѓа во групата на психолошки болести. Иритабилното црево е непријатно заболување но не предизвикува трајни оштетувања на цревата. Не предизвикува крварење или рак.

Се карактеризира со болки во стомакот во комбинација со тврда или течна столица.

Постојат три облици на клиничка слика на нервозно црево:

1.Клиничка слика каде доминира опстипација и дифузни болки т.н спастичен колон почест кај жените.
2.Клиничка слика каде доминира пролив.
3.Клиничка слика на наизменично течна и тврда столица почеста кај мажите.

Карактеристично е што болката се јавува и зголемува по оброк, а нејзиниот интензитет се намалува за време на празнење на цревата. Болката е дифузна се проширува низ целиот абдомен. Дијареата се јавува наутро во вид на ретки столици со мал волумен и слуз, никогаш не се јавуваат ноќе за време на сон како кај органските заболувања на цревото. Придружни симптоми на ова заболување се гороуштица, гадење, повраќање, главоболка, потење а кај жените и дисменореа. Без обзир на симптомите општата состојба е стабилна.

Дијагноза:

Златен стандарт за поставување на дијагнозата е анамнезата,како би се препознале симптомите а би се исклучиле низа болести како дивертикулитис,чир на дваесетпалачно црево,улцерозен колитис,кај жените болести на женските полови органи.Потоа детален физикален преглед,лабораторија,ултразвук на абдомен,фобов тест на окултно крварење,ректосигмоидоскопија,проверка на паразити и интолеранција на лактоза.

Лекување:

По поставување на дијагнозата лекувањето е долготрајно и не толку едноставно. Универзален лек за болеста непостои. За симптомите прв чекор е промена на начинот на исхрана, да се јаде почесто но помалку, да се избегнуваат намирници кои предизвикуваат гасови, мешункасти растенија како грав, зелка, грашак, газирани сокови, да се избегнува пушење, кафе, благо, млеко и масна храна. Да се консумираат намирници богати со диетални влакна како овошје и зеленчук свежи или варени, овесни снегулки потопени во јогурт. Препорачливо е да се пие минерална вода богата со магнезиум. Најдобро од се е да се избегнува стресот, но со денешниот начин на тоа е невозможно. Затоа негативноста треба да се насочи кон корисни работи како спорт, пешачење, читање книга, разговор со пријател итн. Од терапија се земаат спазмолитици, анти дијаретици или пак лаксативи во зафисност од клиничката слика и тоа со консултација на лекар.

 

Би можело да ве интересира: Имате чести тегоби со стомакот? Ова се неколку природни лекови кои се многу делотворни

Д.К.

error: