Физичко Здравје

Домашни пастили за воспаление на грлото

Ако се борите со симптомите на настинка и грип, ве советуваме да ги испробате овие природни бомбони кои ја ублажуваат болката во грлото.

Благодарение на комбинацијата од мед и лимон, и високата концентрација на витамин Ц и антибактериски својства, овие природни пастили се мошне ефективни во борбата против инфекциите.

Лимонот помага во намалување на температурата преку штитење на ќелиите од оштетување. Ѓумбирот има природно антивоспалително својство, а циметот е познат по антибактериските својства.

Потребни состојки:

  • 1 шолја шеќер
  • Пола шолја вода
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 лажица мед
  • Пола лажица мелен ѓумбир
  • Четвртина лажица мелено каранфилче

Припрема:

  1. Во сад за готвење ставете ги шеќерот и водата. Додајте мед, ѓумбир, и цимет.
  2. Исцедете половина лимон и додајте го каранфилчето.
  3. Садот ставете го на оган и измешајте ги состојките. Кога ќе почне да врие, повторно промешајте и намалете ја температурата. Подгответе метален плех и обложете го со хартија за печење.
  4. По 15 минути, садот тргнете го од оган и оставете го неколку минути да се олади. Смесата би требало да биде темна и густа како сируп.
  5. Со лажица земете од смесата и нанесете ја на плехот во облик на бомбони.
  6. Оставете ги да се оладат 20 минути, а потоа посипете ги со шеќер во прав за да не се залепат едни со други.

Подетални инструкции може да погледнете во видеото подолу:

 

 

 

Н.Н.

error: