Физичко Здравје

Дејството на аспиринот врз лековите за борба против ракот

Наоѓањето на лек за канцер е Светиот Грал на медицинските истражувања.

Ракот доаѓа во многу облици и форми, па не постои сеопфатно решение за тие состојби. Секој тип на рак вклучува различни типови на клетки и клеточни средини, мутација на гените и промени во начинот на функционирање на одредени специфични клетки.

Некои истражувачи сметаат дека ракот е “констелација” на болести.

Еден посебен вид на рак, кој има мутации во збир од гени наречен РАС, е особено предизвикувачки тип за лекување.

Канцерот со РАС мутации вклучува рак на панкреасот, колоректален карцином, рак на белите  дробови и мал број на меланоми (тие имаат ниска стапка на преживување). Во моментов, не постојат фармацевтски препарати кои се специјално дизајнирани за лекување на канцер со РАС мутации.

Лекот – сорафениб – покажал “маргинални” бенефити во мултицентричната фаза III – испитување за еден вид рак на белите дробови. Сепак, несаканите ефекти биле значителни, предизвикувајќи некои пациенти порано да се откажат од испитувањето.

Аспиринот и ракот

Аспиринот, или ацетилсалицилна киселина, се користи во една или друга форма уште од античко време. На пример, Хипократ се осврнал на употребата на салицилен чај за да ја намали треската. Аспиринот сеуште се користи за лекување на голем број медицински состојби.

Денес, тој е достапен во сите аптеки и се користи за ублажување на болката и намалување на треската. Исто така, аспиринот се препишува на лица кои имале срцев или мозочен удар, бидејќи значително го намалува ризикот од друг кардиоваскуларен проблем.

Други истражувања покажаа дека аспиринот има одредени антиканцерогени ефекти.

Научниците од Универзитетот во Квинсленд во Австралија го истражувале дејството на аспиринот во комбинација со лекот Сорафениб и како оваа мешавина влијае на кацерот со РЕС мутации.

Ова истражување научниците го објавиле во весникот “Clinical Cancer Research“. Користејќи глушец во експериментот, дошле до мошне охрабрувачки резултати.

“Откривме дека со додавање на аспиринот во сорафениб, значително се зголеми ефикасноста на лекот и неговото делување на ракот на белите дробови и меланомот со РАС мутации”.

Навлегувајќи во детали, научниците ги испитале молекуларните механизми кои ги олеснуваат позитивните ефекти на аспиринот. Д-р Шајдер вели дека, додавањето на релативно висока доза на аспирин ги подобрува резултатите:

“Молекуларните процеси се активираат и заедно работат за уништување на мутираните канцерогени клетки РАС. Оваа двојна активација, може да ги спречи туморите да станат отпорни на третманот, што може да се случи кога се дава само инхибиторниот лек”.

Иднината на Сорафениб и аспирин

Истражувачите веруваат дека земањето на овие лекови во комбинација, може да значи дека пациентите можат да земаат сорафениб во помала доза, редуцирајќи ги негативните последици од негативните дејства.

Оваа комбинација има потенцијал да го продолжи животниот век на болните од рак без прогресија на болеста.

Следниот чекор е да се истражи дали овој експеримент може да се демонстрира и на човечки суштества.

“Сеуште работиме на тоа, да  утврдиме дали и какво дејство има аспиринот во комбинација со други антиканцерогени лекови. Доколку аспиринот се покаже дека има позитивно влијание, тоа ќе биде значаен и економичен чекор напред, во третманите за рак”.

error: