Физичко Здравје

Дали е возможно да ги одзатнете артериите?

Плаката е мешавина од маснотии, калциум, холестерол и отпад од клетките во телото. Оваа мешавина може да се залепи за ѕидовите на артериите, со што ги стеснува крвните садови. Оваа состојба се нарекува атеросклероза.

Затнатите или блокираните артерии, можат да спречат свежата крв да стаса до одредени делови од телото, со што, може да се предизвика срцев или мозочен удар, како и запирање на срцето.

Во многу случаи, луѓето можат да превенираат настанување на ваква состојба. Постојат медицински третмани кои се достапни и помагаат артериите да се исчистат, но тие се доста инвазивни.

Најдобриот третман е превенција, бидејќи отрстранувањето на плаката е многу потешко отколку нејзиното превенирање.

Превенција на затнати артерии

Здравата исхрана и редовното вежбање можат да бидат моќни алатки за одзатнување на запушените артерии. Овие дисциплини, со текот на времето, прават лицето да се чувствува многу подобро.

Луѓето можат да спречат затнување на артериите со следниве промени во животниот стил:

Избегнување на транс масти

Типот на маснотии кои едно лице ги внесува во организмот, може да влијае на плаката во артериите. Американската асоцијација за срце (AHA) препорачува, едно лице да го ограничи внесот на заситени и транс масти, бидејќи овие масти содржат високи нивоа на ЛДЛ холестерол, кој е главен материјал на плаката во артериите.

Храна со високи транс-маснотии:

  • пржена храна
  • преработена пакувана храна
  • пити и колачи
  • бисквити
  • маргарин или путер
  • намален внес на зеленчук
  • производи со делумно хидрогенизирани масла, познати како транс-масти

Заедно со транс мастите, заситените масти можат да влијаат врз здравјето на срцето. Заситените масти најчесто се наоѓаат во производите од животинско потекло, како што се : говедското и свинското месо, млечните производи, но и кокосовото и палминото масло.

Консумирајте храна со незаситени масти

Незаситените масти се добри масти. Тие содржат ХДЛ холестерол, кој помага да се отстрани лошиот холестерол од артериите пред да се претвори во плака.

Незаситените масти најчесто ги има во :

  • авокадо
  • маслинки
  • ореви
  • сончогледово и маслиново масло
  • масни риби (пастрмка, харинга, лосос)

Други совети за исхрана

Препорачливо е лицата со висок холестерол да консумираат :

  • oвошје и зеленчук
  • oреви
  • нискокалорично млеко
  • риба
  • житарки
  • живина

Исто така, се препорачува да се намали внесот на шеќер, црвено месо и пијалоци засладени со шеќер.

Пиење билни чаеви

Пиењето чаеви како на пр. зелен или црн чај, чај од ројбос или од ѓумбир, е одлична и здрава супституција за други пијалоци.

Една студија од 2011 година, покажала дека пиењето на 6 шолји чај од ројбос на дневно ниво, во период од 6 недели, значително го намалило нивото на ЛДЛ холестеролот во крвта кај повозрасните лица, кај кои постоел ризик од срцеви заболувања.

Правилно вежбање

Прекумерната тежина е фактор за настанување на плака и срцеви заболувања. Покрај здравиот начин на исхрана, вежбањето може да помогне едно лице да ја намали телесната тежина и да го редуцира ризикот од настанување на срцеви проблеми.

Со примената на тнр. кардио вежби, се регулира работата на срцето и го штити од заболувања.

Кардио вежби кои ја помагаат работата на срцето вклучуваат :

  • џогирање
  • возење велосипед
  • трчање
  • брзо одење
  • пливање
  • играње тенис
  • аеробик

Други начини за превенција од затнати артерии

Престанете да пушите цигари. Цигарите директно ги оштетуваат артериите и го забрзуваат растот и големината на масните наслаги.

Намалување на стресот. Психолошкото ниво на стрес создава реакција во телото. Техниките за редуцирање на стресот (јога, медитација, вежби со дишење), можат да помогнат одредени лица да се релаксираат по напорниот ден.

Медицински третмани

Кога методите за превенција не се ефектни, лицето има потреба од медицинска интервенција за намалување на ефектот на запушените артерии.

Докторот може да препорача лекови за намалување на нивото на ЛДЛ холестеролот или да направи хируршки третман. Ова вклучува вметнување на цевка во артеријата за да се отстрани плаката, ставајќи стент за поддршка на ѕидовите на артеријата, како би се зголемил протокот на крвта.

Ризик фактори од затнати артерии

Постојат неколку ризик фактори со кои, одредени лица можат да се справат сами :

  • висок крвен притисок
  • пушење цигари
  • нездраво ниво на холестерол
  • отпорност на инсулин и дијабетес
  • прекумерна тежина
  • недостаток од физилка активност
  • нездрава диета

Компликации

Доколку не се идентификува постоењето на затнати артерии , може да доведе до состојби како:

  • Срцева болест (место каде маснотиите се собираат во и околку артериите и срцето).
  • Ангина, состојба каде болката во гради резултира со недостаток на проток на крв во срцето.
  • Периферна артериска болест, каде плаката се насобира околу рацете и нозете.

Артериите на човекот се стеснуваат во текот на животот. Овој процес обично се забрзува по 30-тата година. Најчесто, не претставува проблем сѐ додека личноста не навлезе во 50-те или 60-те години од својот живот.

Заклучок

Отстранувањето на плaката од артериите не е едноставен процес. Тоа може да вклучи инвазивни процедури, кои можат да влијаат врз квалитетот на животот на човекот.

Преземањето на чекори за превенција или забавување на формирањето на плака е најдобриот начин да се избегне затнување на артериите во било која фаза од животот. Ова е особено важно за лицата кои се изложени на ризик од атеросклероза.

Лекарот може да препорача совети за исхрана и начин на живот, прилагодени на барањата на индивидуата и нејзините способности. Исто така, лицата со овие состојби можат да разговараат за сите неопходни опции за третман или превенција.

 

10 намирници за прочистување на артериите:

error: