Физичко Здравје

ВНИМАВАЈТЕ: Ова се намирниците што го оштетуваат црниот дроб

црн дроб исхрана

Дали знаете дека шеќерот може да го оштети црниот дроб исто како и алкохолот? И суплементите кои ги пиете? На што сè треба да внимавате?

Шеќери

Премногу шеќер не само што не е добар за забите, туку го оштетува и хепарот. Тој користи само еден тип на шеќери – фруктоза – за преработка и добивање на масти. Премногу рафиниран шеќер и високо-фруктозен сируп од пченка, доведуваат до создавање на масни наслаги кои водат кон  заболување на црниот дроб. Дури и ако немате прекумерна телесна тежина, внимавајте со внесот на сокови, колачи, и други слатки.

Хербални суплементи

Дури и ако на декларациите пишува ‘природно’, сепак може да не е добро за вашето здравје. На пример, билката кава кава која се користела за олеаснување на менопаузални симптоми, истражувањата покажале дека таа влијае врз правилното функционирање на црниот дроб, а со тек на време доведува до хепатит и откажување на црниот дроб. Секогаш консултирајте се со лекарот пред да почнете со консумирање на некој додаток.

Вишок килограми

Вишокот маснотии кои се создаваат во хепарот водат кон неалкохолно масно заболување на црниот дроб. Како резултат на тоа, хепарот може да отече, а со тек на време, да се оштети и да настане цироза. Ризикот се зголемува со прекумерна телесна тежина, дијабет. Затоа, вежбајте и хранете се правилно, за да ја избегнете оваа болест.

Екстра количина на витамин А од суплементи

На организмот му е потребен витамин А и е во ред да се прима со храната, свежо овошје и зеленчук, особено црвено, портокалово и жолто по боја. Но суплементите кои содржат витамин А во поголеми концентрации, може да го оштетат хепарот. Внимателно со додатоците и консултирајте се со лекар, особено ако не Ви е потребно додаток на витамин А.

Безалкохолни пијалоци

Истражувањата покажале дека консумирање на преголема количина на безалкохолни пијалоци, како газирани и негазирани сокови, доведува до неалкохолно масно заболување на хепарот. Иако тоа не е директна причина, го забрзува процесот.

Ацетаминофен

Лековите кои содржат ацетаминофен, а се користат за болка, за намалување на телесна температура, може да го оштетат црниот дроб ако се користи во поголеми дози и временскиот интервал на кој треба да се прима. Секогаш држете се до препораките од лекарот.

Транс масти

Транс мастите се главни состојки на повеќето типови на готова храна. Иако на нив може да пишува ’делумно хидрогенизирано’, бидете внимателни, тие ќе доведат до оштетување на црниот дроб.

Медицински грешки

Медицинските лица спаѓаат во ризична категорија за инфицирање со хепатит Ц од заболени пациенти. Наркоманите кои користат заеднички игли, исто така. Хепатит Ц се шири преку крвта. Бремената жена која била заразена со хепатит Ц може да го пренесе вирусот на плодот. Ако се сомневате дека сте биле изложени на ризик, направете тестови.

Алкохол

Знаете дека преголема количина на алкохол не е добро за здравјето на црниот дроб. Но, преголема количина не значи дека треба да сте алкохоличар. И некоја чаша повеќе, може да влијае на функционалноста на црниот дроб. Нормална количина за жени е еден пијалок на ден, а за мажи до 2 пијалоци на ден.

 

На следниот линк прочитајте за: Артичока – ефикасен плод кој помага во чистењето на црниот дроб

М.Д.

error: