Физичко Здравје

Често Ви се појавуваат модринки? Дали треба да побарате лекарска помош?

модринки по телото

Секој од нас на себе забележал модринки од време на време – сте се удриле, без и да бидете свесни за тоа. Повеќето модринки и не се причина да бидете загрижени, и поминуваат сами од себе. Но, некои модринки може да бидат знак за некоја посериозна состојба.

Зошто настануваат модринки?

При повредата при која се оштетуваат малите крвни садови под кожата, крвта не може да излезе надвор од кожата, па во внатрешноста формира згрутчувања и се менува бојата на кожата. Потешки удари може да предизвикаат поголеми модринки – контузии, кои може да бидат навистина болни.

Типови на модринки

Виолетовата модринка која се појавува кога крвта протекува кон горните слоеви на кожата, се нарекува ехимоза. Црното / помодрено око, е пример за ваков тип на модринка. Хематом настанува кога згрутчената крв формира грутка под кожата, а оваа област е отечена, издигната, болна – на пример, модринка на главата.

Бојата на модринките се менува во текот на заздравувањето, што се должи на разложувањето на хемоглобинот. Во овој процес, модринките ги менуваат боите по редослед:

  • Црвена е после повредата;
  • За ден или два, станува виолетова, црна или модро сина;
  • За 5-10 дена преминува во зелена или жолта;
  • За 10-14 дена станува жолто-кафеава или светло кафеава;

По ова, треба да исчезне, за период од максимум две недели.

Што да правите кога ќе добиете модринка?

Ладните облоги ќе помогнат во спречување на отоците. Ладното ја забавува циркулацијата, па помала количина на крв ќе се излие во околното ткиво. Затоа, најдобро е, ако сте свесни дека сте се удриле, веднаш да ставите ќеса со мраз, или смрзнат зеленчук, да ја држите 15-20 минути, потоа направете пауза од 30 минути, па повторно ставете ја ладната облога.

Ако сте повредиле екстремитет, рака или нога, најдобро е да ја држите подигната, со можност кон правецот на срцето. После 2 дена од повредата, користете топло перниче на таа област.

Модринки од повреда на коските

Да, можни се модринки при повреда на коските, на пример, при сообраќајна незгода, спортска повреда, или при состојба на артрит. Знаците се исти како и кај другите типови на модринки, болка, оток, промена на боја, но, вообичаено се поголеми болките и траат подолго време. Третирањето е исто – одмор, ладни облоги, и таблети против болка.

Кога да побарате лекарска помош?

  • Ако сметате дека имате скршена коска;
  • Ако станува модринката поголема после еден ден;
  • Ако раката или ногата отекуваат многу;
  • Ако трае повеќе од 2 недели, и се појавуваат без причина;
  • Ако е околу окото и имате проблем со видот;
  • Ако сте ја добиле модринката од удар во главата, телото или стомакот.

Зошто некои луѓе се склони кон појава на модринки?

Возраста, полот и гените имаат важна улога. Како што стареете, кожата станува потенка и губи голем дел од масниот слој, односно се намалува амортизацијата околу крвните садови, па може да се оштетат полесно. Жените се посклони кон појава на модинки, за разлика од мажите.

Дали модринката е знак за некоја болест?

При некои здравствени состојби се појавуваат модринки:

  • Нарушување на крвта, како хемофилија или вон Вилебрандова болест;
  • Болести на црниот дроб, како цироза;
  • Тромбоцитопенија;
  • Некои видови на карцином, како леукемија, Хочкинсова болест, или мултипен миелом.

Како да се превенира појавата на модринки?

Фолната киселина (фолати), витамините Ц, К, Б12, помагаат во формирањето на крвните коагулуми. Ако не внесувате доволно од овие суплементи, може да страдате често од појава на модринки. Јадете повеќе цитрусни овошја кои се богати со витамин Ц. Телешкото месо и збогатени житарици се богати со витамин Б12. Зелениот листест зеленчук е добар извор на витамин К и фолати.

Ако пиете лекови кои ја разредуваат крвта, како аспирин, кортикостероиди, хемотерапија, може да сте склони кон појава на модринки. Но, никако не смеете да ја прекинувате терапијата, без консултација со лекарот.

 

На следниот линк прочитајте: Домашни лекови: Дали навистина делуваат?

 

 

М.Д.

error: