Физичко Здравје

Болка во вратот – што ја предизвикува и како се лекува?

Вратот е неверојатен дел од вашето тело, но има многу тешка функција, да ја држи главата во текот на целиот ден. Спиењето во неправилна положба и лошото држење на телото може да предизвика болки во вратот.

Што предизвикува болка во вратот?

  • Лошо држење
  • Повторувачки движења
  • Лоши навики во спиење
  • Носење на тежок товар
  • Компресирани нерви
  • Спортски повреди
  • Автомобилски несреќи кои вклучуваат удар
  • Артритис
  • Инфекција
  • Тумори

Како се лекува болка во вратот?

Во повеќето случаи со конзервативен третман, болката престанува после неколку дена. Се препорачуваат антиинфламаторни лекови, како и ладни облоги во првите 2-3 дена за да се намали отокот. Потоа се препорачува да се става топло како топол туш или топла облога. Исто така постојат и вежби кои може да ги правите дома или на вашето работно место за нежно да ги истегнете мускулите на вратот.

Кога да се јавите на лекар?

Доколку болката во вратот е тешка, не реагира на третманот и се влошува со текот на времето, чувствувате слабост или пецкање во рацете и нозете, треба веднаш да се јавите на лекар. Вашиот доктор може да предложи рендген снимање, магнетна резонанца, компјутерска томографија или ЕМГ(електромиографија) за да се утврди точната причина за болката.

По дијагностицирањето може да ви предложи физикална терапија или цервикална тракција. Во многу ретки случаи е потребен хируршки третман.

Како да ја избегнете болката во вратот?

Најдобар начин за да се избегне болката е да знаете како да ги превенирате повредите на вратот. Корегирајте го вашето држење за да ја избегнете болката. Кога седите или стоите внимавајте вратот, рамената и колковите да ви бидат во иста линија. Наместете го вашиот канцеларски стол или мониторот во висина на вашите очи. Правете чести паузи. Не го ставајте телефонот помеѓу рамото и увото. Користете слушалки. Избегнувајте да носите тешки торби на рамото.

Доколку се будите со вкочанет врат веднаш сменете ја перницата. Купете ергономска перница кога ќе овозможи поддршка на вратот во текот на ноќта. Спиењето на грб или на страна, исто така им овозможува на вашите мускули и лигаменти да бидат релаксирани.

Постојат голем број на вежби кои ќе ви помогнат да го зацврстите вратот. Консултирајте се со вашиот физиотерапевт.

Би можело да ве интересира и: Широкиот обем на вратот може да биде опасен по здравјето

А.Е.

 

error: