Физичко Здравје

Бојата на урината – аларм дека нешто се случува со вашето здравје

За да го одржувате вашиот организам витален треба да знаете да ги препознавате алармите што ги испраќа вашето тело. Вашата урина е важен показател на вашето здравје.

Моч (или урина, од urina) е отпаден продукт на организмот, создаден во бубрезите при филтрацијата на крвта.

Експертите велат дека урината е најлесниот начин за самопреглед на телото. Ако некаде во телото има проблем ќе се прикаже преку урината.

Составот на урината зависи од факторите на животната средина , како и од човековата активност, пол, возраст, тежина и здравје. Кај човекот 95% од урината се состои од вода. Таа содржи и низа органски и неоргански сооединенија. Урината ја менува бојата поради некои безопасни а некогаш и поради алармантни состојби.

Едни од најчести промени на урината:

Без боја

Ако урината е сосема прозирна тоа е знак дека пиете многу вода, одосно најверојатно пиете повеќе вода отколку што му е потребна на вашето тело. Но преголемата хидратација, во одредени случаи,  може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Оптимално е 8 чаши вода дневно.

Светло до темно жолта

Ова исто така значи дека сте во добра здравствена состојба и со доволно течности во организмот. Колку е потемна бојата на урината, ја покажува хидрираноста на вашето тело. Посветла боја, подобра хидрираност.

Кафена боја

Доколку се забележат нијанси на кафена боја во урината, тоа може да биде само знак дека сте дехидрирани.

Луѓето кои страдаат од цироза на црниот дроб, хепатитис или Вилсонов синдром, излачуваат урина со кафеава нијанса. Труењето со фенол доведува до истиот ефект.

Црна урина

Црната урина не е невообичаена по добивањето на интрамускулна инјекција на железо.

Розева кон црвеникава боја

Веднаш одете на доктор.

Црвеникавата нијанса на урината често е знак дека има крв во урината, што може да укажува на тумори, проблеми со простатата, инфекции на уринарниот тракт, проблеми со бубрезите или камења во мочниот меур. Тоа исто така може да биде и знак на труење со жива или олово.

Посветлата – розевата нијанса на урината, не мора да биде толку вознемирувачка бидејќи  може да укажува дека сте јаделе цвекло, капини, боровинки или пак сте користеле одредени лекови како рифампицин, феназопиридин и некои лаксативи доведуваат до оваа нијасна на урнината.

Портокалова боја

Портокалова боја, исто така може да значи проблем со црниот дроб или жолчните канали, а исто така може да биде од храна или напитоци  како на пример ако сте конзумирале свеж морков или сок од моркови, тиква и витамин Ц. Пробајте да се прочистите со вода, но ако бојата не се премони неколку дена сепак докторот би знале повеќе.

Сина или зелена боја

Доколку го видите ова сигурно дека ќе ве испаничи. Сина или зелена боја на урината може да биде резултат на лекови или консумирање на аспарагус. Сина урина може да биде сигнал на генетско нарушување односно фамилијарна хиперкалцемија. Зелена урина најчесто е показател на некои инфекции на уринарниот тракт.

Некои лекови (како амитриптилин, индометацин и пропофол) можат да предизвикаат промена на бојата.

Внимание: Ако не сте биле изложени на ниедно од горенаведените, треба да се поврзете со вашиот лекар. Зелената боја може да сигнализира за ретки инфекции на уринарниот тракт предизвикани од бактеријата Pseudomonas.

Виолетова

Д.К

error: