Физичко Здравје

Безглутенската диета може да ја намали болката во нервите

Чувствителноста на глутен е поврзана со периферна невропатија, состојба која предизвикува оштетување на нервите.

Истражувачите откриле дека исхраната без протеини кои се наоѓаат во пченицата, може да олесни некои од симптомите поврзано со глутенска невропатија (состојба на нервите која предизвикува слабост, трнење и болка) обично во рацете или нозете.

Чувствителноста на глутен е најпознат предизвикувач на абдоминални болки, гасови, а кај некои луѓе може да доведе и до заболување на нервите. Експертите од Универзитетот во Шефилд велат дека нивните пронаоаѓања укажуваат на едноставна промена во исхраната која би можела да ги елиминира скоро сите болни симптоми.

„Ова истражување е ветувачко бидејќи покажува дека исхраната без глутен може да помогне во намалување на болките кај луѓето со глутенска невропатија“ вели главниот автор на истражувањето, Панагиотис Зис од универзитетот во Шефилд.

Истражувачите откриле дека чувствителноста на глутен е поврзана со периферна невропатија, состојба која предизвикува оштетување на нервите надвор од мозокот и ‘рбетниот мозок. Според податоците од 2015, скоро 32% од светската популација со периферна невропатија има чувствителност на глутен.

Во ова истражување биле вклучени 60 луѓе со просечна возраст од 70 години кои имале глутенска невропатија. Истражувачите разговарале за интензитетот на болката кај пациентите, други симптоми на невропатија, нивното ментално здравје, и дали следеле строга исхрана без глутен, и откриле дека луѓето кои се придржувале до безглутенска исхрана имале помалку болки од оние кои не се придржувале.

Околу 56% од луѓето без болки биле на програма без глутен, во споредба со 21% од луѓето кои конзумирале глутен и имале болки.

Откако ја прилагодиле исхраната на нивната старост, пол и ментално здравје, истражувачите откриле дека луѓето кои следеле строга безглутенска диета имале 89% помала веројатност да чувствуваат болки предизвикани од невропатија отколку луѓето кои не го следат овој начин на исхрана. Тие исто така утврдиле и дека луѓето со болна невропатија предизвикана од глутен постигнале значително влошување во проценката на нивното ментално здравје. Тие имале резултат од 76, додека оние со безболна глутенска невропатија имале оцена 87.

„Потребни се повеќе истражувата за да се потврдат овие резултати и да се утврди дали безглутенската диета доведува до намалување на болките“ вели доктор Зис.

 

 

Н.Н.

error: