Физичко Здравје

8 знаци кои покажуваат дека црниот дроб ви е во лоша состојба

Црниот дроб е орган кој врши бројни функции, а една од нив е разградување и исфрлање на токсините. Вашите навики доста влијаат на работата на овој орган. Затоа треба здраво да се храните, да не внесувате многу сол и маснотии, да не пиете вештачки пијалоци и алкохол. Пијте природни сокови кои ќе го исчистаат вашиот организам и ќе ја поттикнат работата на црниот дроб. Доколку забележите било какво проблеми со црниот дроб, веднаш посетете лекар.

Ова се 8 знаци кои покажуваат дека црниот дроб ви е во лоша состојба:

  1. Проблеми со меморијата – Сте забележале дека сте заборавени и тешко се концентрирате? Проблемите со црниот дроб влијаат на работата на мозокот, па можно е да имате проблеми заради тоа.
  2. Хормони – Можно е проблемите со црниот дроб да предизвикаат и хормонални проблеми. Ако постојат промени во полните хормони, тоа може да укажува на црниот дроб.
  3. Проблеми со сонот – Можно е и да имате потешкотии во спиењето. Често доаѓа и до појава на апнеја, односно губење на здивот во текот на спиењето на десетина секунди.
  4. Болки во стомакот
  5. Низок шеќер – проблемите со црниот дроб доведуваат и до промена на концентрацијата на шеќер во крвта. Ниското ниво на шеќер во крв укажува на проблем со дробот.
  6. Покачена телесна температура – темепратура којја е 38 степени и трае 2 до 3 дена може да е симптом на проблемите со црниот дроб
  7. Темна мокрача – мокрачата укажува на бројни здравствени проблеми, па така и на проблемите со дробот. Темната мокрача е индикатор за проблеми со црниот дроб или бубрезите.
  8. Жолтило на кожата

 

Н.Н.

 

error: