Физичко Здравје

10 Факти за туберкулозата според податоци од СЗО

24-ти Март е светски ден на борба против туберкулозата. WHO (Светската Здравствена Организација) постојано спроведува кампањи за зголемување на свесноста, превенцијата, дијагностицирањето и лекувањето на оваа одамна искоренета болест во модерниот свет. Благодарение на активностите, според податоците од СЗО, спасени се повеќе од 53 милиони животи преку поставување на правилна и навремена дијагноза и третман, во периодот од 2000-2016 година.

Туберкулозата е предизвикана од бактеријата Mycobacterium tuberculosis која ги напаѓа белите дробови. Се шири преку воздух, кога лицето заболено од туберкулоза кашла, кива или плука, бактериите се ослободуваат во воздухот, па другите лица во околината лесно можат да се заразат преку вдишување.

 

Една од целите на СЗО е “Стратегија за Крај на Туберкулозата” (“End TB Strategy“) за комплетно искоренување на болеста до 2030 година. Иако моменталните податоци се сè уште разочарувачки: околу една третина од светската популација се инфицирани со бактеријата, а мал дел од нив се разболуваат од туберкулоза. Оние кои имаат послаб имунитет се поподложни на развој на болеста, како и луѓето болни од ХИВ, кои имаат за 26 до 31 пати поголем ризик да развијат туберкулоза.

Во име на оваа борба на целото човештво, прочитајте за следните 10 факти за туберкулозата, кои веројатно не сте ги знаеле:

Факт бр.1: Во 2016 година биле дијагностицирани 10,4 милиони нови случаи на туберкулоза. Во 7 земји бил вкупниот процент од 64%, на прво место Индија, потоа Индонезија, Кина, Филипини, Нигерија, Пакистан и Јужна Африка.

Факт бр.2: Туберкулозата била една од првите 10 причини за смртност во 2016 година, заедно со ХИВ и маларија, со бројка од околу 1,7 милиони луѓе на глобално ниво.

Факт бр.3: Во 2016 година, околу 1 милион деца разболеле од туберкулоза, а 210.000 завршиле фатално. Високата стапка на смртност кај децата се должи на тешкото дијагностицирање и лекување кај детската популација.

Факт бр.4: Туберкулозата е најголем кривец за високата смртна стапка кај лицата со ХИВ. Околу 0,4 милиони лица со ХИВ  умреле во 2016 година, а 85% од нив биле ХИВ позитивни и на антиретровирусна терапија.

Факт бр.5: На глобално ниво, бројот на лицата кои заболуваат од туберкулоза и смртноста се намалува во периодот од 2000 до 2016 година за 37%.

Факт бр.6: Туберкулозата се јавува во било кој дел на светот, но најголемиот процент е во пренаселените земји како Азија (61%) и Африка (26%).

Факт бр.7: Во 2016 год. околу 490.000 болни од туберкулоза, развиле туберкулоза отпорна на повеќе лекови. Ова може да се должи и на погрешен третман, со што бактеријата станува отпорна на широк спектар на антибиотици, па можноста за лекување е ограничена.

Факт бр.8: Правилниот третман на туберкулоза придонел за спасување на преку 53 милиони луѓе на глобално ниво, во периодот од 2000 до 2016 година. Но, сепак, се уште постојат пропусти во дијагностицирањето и лекувањето.

Факт бр.9: Стапката на намалување на болеста, на глобално ниво е 1,5% од 2014 до 2015 година, а тој процент треба да се зголеми до 4-5% до 2020 година, како би се постигнала првата цел од стратегијата за крајот на туберкулозата.

Факт бр.10: Инвестициите во слабо-равиените и средно-развиените земји  за 2017 година, опаднале за 2,3 билиони УСД, од потребните 9,2 билиони УСД. Овие средства може и уште повеќе да се намалуваат до 2020 година, ако моментално не се пополнат буџетите за таа намена.

Туберкулозата е болест која може да се спречи и да се лекува.

 

 

М.Д.

error: