Детско Здравје

Бебе што плаче – Кога и каков третман е потребен?

третман за бебе што плаче

Инфекции на уринарниот тракт и други заболувања бараат ургентен третман и мора да бидат спроведувани во болнички услови ако доенчето:

  • Има треска ( над 38° C).
  • Има болна општа состојба- не јаде или јаде многу малку, поспано е или бара да се држи во раце.
  • Има зголемен број на респирации или отежнато дишење.
  • Повраќа или има дијареја.
  • Остава впечаток на акутно болно дете.

Родителите мора да бидат свесни дека:

  • Дури и секое многу добро згрижено доенче понекогаш ќе плаче.
  • Плачот не му штети на доенчето и сите доенчиња кои имаат инфантилни колики растат и се развиваат нормално.
  • Dimthicone капките немаат ефект врз плачот кај доенчето.
  • Држењето и шетањето на доенчето кое плаче поради инфантилни колики нема да го редуцира интензитетот на плачот.

• Ако постои сомнение за алергија на кравјо млеко, треба да се направи обид со диетален режим 1-2 недели. Обидот се состои во диета без млеко и млечни производи на мајката која дои или протеински хидролизат во исхраната на доенчето. Диетата на мајката што дои треба задолжително да се спроведе.

• Пробиотичките суплементи го намалуваат времераењето на плачот дење кај донечиња кои се на исхрана со мајчино млеко и имаат инфантилни колики во една студија додека во една превентивна студија  пробиотичките суплементи не ја редуцираат појавата на инфантилни колики.

• Важно е дека родителите ја делат грижата за доенчето, со цел да се избегне исцрпеноста. Роднините пријателите/ формите на детско згрижување треба да се користат кога е потребно.

Природниот пристап” подразбира одржување на контакт-кожа-кожа со детето и моментален одговор на барањето на доенчето. Од друга страна, ноќните будења на возраст од 3 и 10 месеци се повообичаени. Активноста на мајката, испровоцирана од плачот на детето, исто така треба да се зема предвид.

„Ритмичниот пристап” има за цел да воспостави регуларен ритам на хранење и спиење и детето да спие во сопствен кревет. На овој начин има повеќе плач и ечкање во иницијалната фаза, но подоцна бројот на ноќни будења се намалува како детето воспоставува самоконтрола.

Родителите може да направат обид и со некои други благотворни интервенции (смирувачка стимулација како држење, милување, масажа на доенчето  и континуирано испуштање на звуци или алтернативно редуцирана стимулација со ставање на доенчето во количката), но родителите или кој било друг што се грижи за детето мора целосно да биде свесен дека тресењето на доенчето е животозагрозувачко.

Ако се појават нови симптоми или плачењето не покажува знаци на редукција со текот на времето, можноста за некој органски проблем во основа повторно треба да се земе предвид. На родителите им е потребна поддршка и повторно убедување дека детето е во добра општа состојба.

Мајката треба да биде запрашана за начинот на кој се справува со проблемот и дури треба да се помисли и на постнатална депресија. Мајките на многу плачливите доенчиња се поподложни на зголемен ризик за депресија.

Прочитај повеќе: Бебе што плаче – Која е разликата меѓу нормален и плач предизвикан од болест?

 

 

Д.К.

error: