Детско Здравје

Како да се справите со симптомите на настинка и грип кај децата

Ако сте родител, и имате болно дете, сигурно се соочувате со голем стрес. Кај предшколските деца, неизбежно е да во текот на годината, се разболат од настинка најмалку 5-6 пати. Сè додека не станат тинејџери, кога во текот на годината може да настинат како и возрасен човек, до 4 пати во просек.

Децата почесто се разболуваат затоа што немаат стекнато природен имунитет, за кој е потребно да поминат повеќе години. Плус, постојат повеќе од 200 различни вируси, со кои може, но и не мора да дојдат во допир, па така ќе создадат имунитет, или не.

За жал, настинките не можат да се излечат со лекови. Домашниот третман за ублажување на симптомите на настинка и грип затоа е многу важен, како прв чекор во лекувањето.

Одморот е најважен

Спиењето е многу важно, затоа што помага да се справите со болеста многу порано. Чувајте ги дечињата дома кога се настинати, особено ако имаат и температура. А на овој начин нема да се пренесуваат инфекциите на другите деца во градинка или во училиште.

  • Потребно е најмалку 8-10 часа спиење.
  • Нека одмараат сé додека не се почувствуваат подобро.
  • Според податоците од некои студии, колку помалку спиеме, толку поподложни сме на инфекции.
  • Ако детето не сака да спие, доволно е и да одмара во кревет.

Континуирано внесување на течности

Потребни се многу течности, за да детето биде хидрирано. На телото му е потребна вода за да биде здраво, а при настинка или грип, лесно може да дехидрира поради симптомите, како:

  • треска,
  • дијареја,
  • повраќање,
  • потење.

Било која течност (без кофеин) е добра да се пие:

  • вода,
  • природно цедени сокови,
  • чај,
  • супа,
  • па дури и млеко.

Намалување на покачената телесна температура

Покачената телесна температура е знак дека телото се бори против инфекцијата. Но, самата таа, ја влошува состојбата на детето. Применете ги следните совети:

  • Нека пие многу течности и да одмара
  • Одржувајте ја собната температура пониска (околу 20 степени)
  • Облеката нека биде лесна и потенка
  • Ако детето има треска, покријте го дополнително со ќебе, а кога ќе престане, тргнете го.
  • Дајте му антипиретик (за намалување на температурата), а може да помогне и туширање со млака вода.

Кој лек за намалување на температурата да му го дадете на детето?

Секогаш консултирајте се со педијатар, пред да му дадете било каков лек на детето. Вообичаено се дава парацетамол или ибупрофен, за намалување на температурата.

Но, овие лекови избегнувајте ги:

  • Не им давајте лекови на новороденчиња помали од 2 месеца.
  • Не давајте ибупрофен на бебиња помали од 6 месеци, без да добиете препорака од лекар.
  • Никогаш на деца под 18 години, не им давајте аспирин, бидејќи може да предизвика Рејев синдром, сериозно заболување.

Затнат нос

Без разлика дали е поради настинка, грип, алергија, или друга инфекција, треба да се одржува хигиената на носната шуплина, и ако е затнат носот, што е вообичаен симптом, да се применат следните совети:

  • Ако детето има затнат нос, добро хидрирајте го, потребно е за слузокожата на носната шуплина
  • Може да користите овлажнувач на просторија, за да се одржи влажноста во воздухот
  • Прочистувајте ја носната шуплина со солен раствор за нос
  • Нека спие на малку поткрената перница, за да му се олесни назалната секреција
  • Ако од дување на носот, околу е зацрвенет и се појавуваат рани, мачкајте со вазелин
  • Капки за нос кои содржат лек, не смеете да им давате на деца помали од 6 години, и не треба да се користат повеќе од  2-3 дена (подолгото користење може да ја влоши конгестијата)
  • Кај новороденчиња кои имаат затнато носе, може да користите назални пумпици за аспирација, а претходно ставете по 3 капки топла или солена вода во секоја ноздрва, за да омекне слузокожата. Почекајте минута, па потоа извлекувајте го секретот со помош на пумпицата.

Смирување на кашлицата

Ако кашлицата не е интензивна, не мора да се преземе ништо посебно. Кашлањето помага да се исфрли секретот од градите. Ако пак кашлањето предизвикува непријатност, детето не може да спие, тогаш кашлицата мора да се третира.

  • Овлажнувач на воздухот во просторијата, ќе помогне за олеснување на кашлицата
  • Дишење на пареа (на пример во топол туш)
  • Кај деца од 3 месеци до 1 година може да се дава за пиење топла вода или сок
  • Лажица мед пред спиење помага во олеснување на кашлицата (не кај деца помали од 1 година, не се дава мед)
  • Кај поголеми деца, може да се даваат пастили за грло, но секако советувајте се со педијатар
  • Нека спие на подигната перница / две перници
  • Деца под 4 години не смеат да примаат лекови кои содржат dextromethorphan. Дозирањето на сирупите не смее да биде со обична лажица. Секогаш користете го шприцот / лажичката / чашката за дозирање од сирупот.

Како да се храни детето кога е настинато?

  • Лесна, мека храна (испасирана, изблендирана), детето може полесно да ја проголта, ако има болно грло
  • Овесна каша, супа, пире од компири, јаболка, банани, се полесни за варење, ако детето има вознемиран стомак
  • Треба да се избегнува високо-масна храна, бидејќи е потешка за варење
  • Ако детето одбива да јаде, давајте му повеќе течности и помали, здрави оброци.

Вознемирен стомак

Кога детето има грип, нема апетит, поради симптомите на:

  • вознемирен стомак,
  • гадење,
  • повраќање,
  • дијареја

При тоа може да дојде до дехидратација. Затоа е важно да се даваат многу течности, како и раствори за рехидратација – електролитни раствори. Но, треба да се избегнуваат следните пијалоци:

  • џус
  • енергетски пијалоци
  • сода
  • пијалоци со висока содржина на шеќери

 

 

М.Д.

error: