Детско Здравје

10 СОВЕТИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА, ВО СЕЗОНА НА ГРИП И НАСТИНКИ

Сезона на настинки, грип, кои за децата кои одат во градинка, или во училиште, е скоро невозможно да се избегнат. Ве потсетуваме на 10 совети, кои ќе помогнат да ги заштитите децата:

1. Често миење на рацете

Детето е изложено на бактерии и вируси во околината, и во предшколска или школска установа, како и во домот. Затоа е потребно да се потенцира, и да му премине во навика на детето, да ги мие често рацете со сапун и топла вода, особено после играта надвор, пред јадење, после одење во тоалет, после галење на животни. CDC (Центарот за контрола и превенција на болести) препорачува најмалку 10-15 секунди триење на рацете со сапун.

2. Користење на дезифиценс за раце

Кога сапунот и топлата вода не се доволни, се користи дезифиценс за раце на база на алкохол, како одбранбена мерка против бактериите на рацете. Но, бидејќи има алкохол, треба да се обрне внимание за опасноста од консумирање, особено кај помали деца – чувајте ги подалеку од дофат на децата.

3. Вакцина против грип

CDC (Центарот за контрола и превенција на болести) препорачува децата постари од 6 месеци и постарите, да примаат годишно вакцина против грип. Следете ги советите на педијатарот.

4. Кашлање или кивање во марамче

Воспитајте го детето да кашла или да кива во марамче, или пак да го стави лактот преку устата – не дланките, бидејќи децата не се толку свесни за хигената на рацете, па со кивањето во дланките, може да ја шират инфекцијата.

5. Научете го детето како правилно да си го издува носот

Ставањето на прст во носето е вообичаена појава кај малите дечиња. Но, затоа сте Вие тука, за да го научите дека тоа не е во ред, и дека треба да користи марамче за да си го издува носот, кое веднаш потоа ќе го фрлите.

6. Нека пие повеќе вода

Доволно хидрираниот организам ќе може полесно да се справи со вирусите. Особено е важно, ако детето има температура, затнат нос, кашлица, при тоа, течноста која ја губи телото, да биде надоместена.

7. Здрава храна

Децата не обожуваат свежо овошје и зеленчук, но тие се многу важни во борбата против болестите. За здраво тело, потребни се доволно витамини и минерали, кои ќе го поткрепат имуниот систем.

8. Добар ноќен сон

Детето треба да спие доволно часови во текот на ноќта, соодветно на возраста. Оние кои не спијат доволно, полесно може да се разболат.

9. Дизинфицирајте го домот

Хигиената во домот е важна, особено во кујната, тоалетите, играчките со кои детето си игра. Одржувајте ја хигиената на завидно ниво, и погрижете се повремено да биде дизинфицирано соодветно, за да се спречи ширење на бактерии.

10. Избегнувајте контакти со болни луѓе

Понекогаш е потребно да се изолираат болните членови на семејството, за да не ја рашират болеста на другите, а особено ако има мали деца. Исто така, погрижете се  Вашето болно дете да остане дома – да не оди во градинка или училиште, за да не ја пренесува болеста.

Сите овие совети, применувани заедно со физичката активност, како и здравата и правилна исхрана на детето, може да помогнат во намалување на ризикот од разболување во сезона на грип и настинки. А доколку се разболи, дајте му доволно време на детето да одмара и да закрепне.

Прочитајте за: Како да се справите со симптомите на настинка и грип кај децата

 

 

 

М.Д.

error: