ЗдравјеСовети

‘Рчите, имате болки во грбот? Еве во која положба треба да спиете, за да се разбудите наспани и одморени

положба на спиење

Положбата при спиење може да ги влоши тегобите кои веќе ги имате, или пак да доведе до појава на истите. Треба да бидете свесни за вашата положба на спиење за да ги промените навиките и да се разбудите одморени и наспани.

Ако ‘рчите:

Најдобро е да спиете на страна. Ако сакате да спиете на грб, може да се обидете да ставите две или повеќе перници. Ако ‘рчењето Ви го попречува дишењето и се чувствувате уморни наутро, или се будите во текот на ноќта, консултирајте се со лекар. Можеби страдате од слип апнеја, состојба при која дишењето прекинува на моменти, а како последица, може да настане мозочен удар, да се појави висок крвен притисок или срцево заболување.

Ако имате болка во грбот:

Спиењето на страна ќе Ви ја олесни состојбата. За да го олесните притисокот дополнително, може да ставите перница помеѓу нозете. Ако спиете на грб, ставете перница под колената, за да овозможите правилна положба на грбот.

Ако сте бремени:

Кај повеќето трудници, покомфорна – а и поздрава – положба е спиењето на страна. Подобро е да се спие на левата страна, за да му се обезбеди на бебето доволно крв и нутриенти. Ако имате болки во грбот, ставете перница под стомакот, за да се растерети тежината. Може да помогне и позиција на свиткани колена и перница помеѓу нозете.

Избор на тип на перница

Секој индивидуално треба да ја избере перницата која најмногу му одговара. Таа треба да е доволна цврста за да му даде поддршка на вратот при спиење, но и доволна мека за да се прилагоди на линијата на телото. Обидете се со тестирање на различни типови на перници, во период од неколку седмици користете еден тип, па потоа друг, итн… сè додека не ја откриете вистинската перница за Вас.

На следниот линк прочитајте: Кога треба да почнете да користите крема за сончање, и колку често треба да се нанесува?

М.Д.
error: