ЗанимливостиЗдравјеИсхрана

Балзамико оцет: 10 здравствени придобивки

балзамико оцет
Покрај традиционалните видови на оцет кои се наоѓаат на нашите трпези- вински, јаболков, алкохолен – сè почесто го користиме и оцетот балзамико. Неговиот специфичен вкус не секој го сака, но, кога ќе прочитате кои се здравствените придобивки, ќе посакате да почнете да го консумирате.
Постојат студии кои ги истражувале неговите дејства, од подобрување на тенот, намалување на холестеролот до намалување на телесната тежина.

10 ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД ОЦЕТОТ БАЛЗАМИКО:

1.Подобрување на состојбата на кожата

Оцетот балзамико содржи антимикробни соединиенија, оцетна киселина и антиоксиданси, кои влијаат на подобрување на тенот. Но, додека другите видови на оцет може да се користат за чистење на акните на лицето, балзамико може да направи флеки, па затоа не треба да се аплицира директно на кожата.

2.Намалување на шеќерот во крвта

Една студија која ги истражувала ефектите на оцетот, дошла до заклучок дека балзамико оцетот има антигликемиски ефект, што значи дека шеќерот во крвта не се намалува многу драстично после оброкот. Оцетот овозможува да се постигне плато на шеќерот во период од 5 часа после оброкот.

3.Добра дигестија на храната

Оцетната киселина, која е активна супстанца во оцетот, содржи соеви на пробиотици кои го подобруваат варењето на храната.

4.Намалување на холестерол

Во студија со зајаци, кои имале висок холестерол, им бил даван балзамико оцет, по што  е забележано дека нивоата на холестерол се намалуваат. Антиоксидансите во оцетот ги блокираат токсичните клетки во организмот кои ги покачуваат нивоата на холестерол.

5.Намалување на телесна тежина

Пробиотиците во оцетот овозможуваат да се чувствувате побрзо и подолго време сити. Некои студии покажуваат дека луѓето што консумираат балзамико за појадок, внесуваат помал број на калории во текот на денот.

6.Третман на рани

Балзамико со години е познат како средство за третман на рани, поради неговите антифунгални, антивирусни и антибактериски својства. Но, овие својства сепак не се научно докажани.

7.Намалување на високиот крвен притисок

Во студија со стаорци, откриено е дејството на оцетот балзамико. Редовното консумирање на оцетот во исхраната, на долгорочни патеки, го намалува крвниот притисок.

8.Ослободува од затнатост на носот

Неколку капки на оцет се додава во вода што врие, се вдишува пареата и помага во одзатнување на носот.

9.Намалување на киселинскиот рефлукс

Лекот не делува кај сите луѓе на ист начин, па можете да се обидете прво со мала количина, да почекате неколку часа, за да се осигурате дали оцетот ќе делува на намалување на киселините.

10.Ја подобрува циркулацијата

Бидејќи балзамико оцетот се добива од грозјето, а за грозјето постојат студии кои докажуваат дека превенира срцеви заболувања, со тоа што спречува формирање на крвни згрутчувања во крвните садови, па од тука е и неговото дејство. Балзамико содржи и феноли, но истражувачите сеуште испитуваат како делуваат полифенолите во циркулацијата.

Кои се ризиците од користење на балзамико оцетот?

Можните ризици од претерана употреба на балзамико се:

  • вознемирен стомак,
  • воспаление на грлото,
  • оштетување на хранопроводот.

Дневниот внес на оцетот не треба да биде повеќе од 2 лажици.

Особено внимание треба да обрнете на потеклото и составот на балзамико оцетот, затоа што на многу од нив им се додаваат шеќери.  Оригиналниот балзамико не содржи додадени шеќери, има малку калории и не содржи масти.

На следниот линк прочитајте за:  Дијабетес: Механизам, видови и исхрана

 

 

М.Д.

error: