Алтернатива

Златно млеко: Лек за зглобови и коски од руската алтернативна медицина

златно млеко

Во руската алтернативна медицина оваа напивка се смета за драгоцена. Златното млеко е посебно добро за половината, зглобовите и коските. Тоа исто така добро делува на дебелото црево, го забрзува варењето, и добро е за превенција од рак на дебело црево.

Има позитивни ефекти и врз црниот дроб, и ги отстранува токсините од организмот. Докажано е и дека помага во зајакнување на имунитетот бидејќи има антиоксидантски својства. Може да се користи и кај мали деца бидејќи е полно со калциум и помага во правилниот раст и развој.

Припремата е доста едноставна. Првиот чекор е правење паста од куркума. Состојки кои ќе ви бидат потребни се: куркума, млеко, бибер, и малку масло за текстурата да биде побогата.

Паста од куркума

Во 150 милилитри вода додајте 40 грама куркума во прав и малку бибер. Биберот го зголемува дејството на куркумата. Промешајте, и оставете да врие околу 8 минути додека смесата не се згусне. Мешајте постојано додека смесата не добие густина како јогурт. Доколку смесата стане прегуста, слободно додадете малку вода. Пастата може да се направи и во поголеми количини и да стои во фрижидер до 40 дена.

Рецепт за златно млеко

Ќе ви бидат потребни 250 милилитри млеко, 40 милилитри бадемово масло (не е задолжително, но ја збогатува текстурата), и малку мед (се додава за вкус). Млекото се зоврива и се додава бадемовото масло. Кога ќе зоврие, тргнете го од оган и сипете го во друга чаша. Додајте и една лажичка од пастата од куркума, и засладете со мед.

Златното млеко се пие на празен стомак, веднаш по будење, и терапијата се препорачува да трае 40 дена. Процедурата се повторува 2 пати годишно.

Пред да започнете со користење на народна медицина, задолжително консултирајте се со Вашиот матичен лекар.

Би можело да ве интересира и: 9 природни додатоци за лекување на артритис

 

Н.Н.

error: