Алтернатива

Тајната моќ на нарцисот во борбата против ракот

Со новите истражувања, водени од Денис Лафонтејн, на Факултетот за Наука на Универзитетот Libre de Bruxeless во Белгија, тестирани се анти-канцерогените предности на нарцисот, познат како хемантамин.

Хемантаминот е природен алкалоид (природна состојка во растенијата, која има силно психолошко дејство врз луѓето).

Екстрактот од нарцис се смета дека помага во борбата против ракот и дека има силни антиканцерогени ефекти кои ја надминуваат отпорноста на клетките на апоптоза или смрт на клетките.

Истражувањата откриваат дека хемантаминот го активира атуморалниот надзорен пат.

Резултатите служат за илуминација на механизмот преку кој, растенијата познати како Amaryllidaceae alkaloids можат да се борат против канцерот.

Овие растенија се наоѓаат помеѓу 20-те најшироко применети растенија, заради нивните фармаколошки активни компоненти.

Изгладнување на протеините од канцерогените ќелии

Истражувањата покажуваат дека на канцерогените ќелии им се потребни протеини, како би можеле да растат и напредуваат.  Рибозомите се клучни за синтезата на протеини, тие всушност, претставуваат ” машина за произведување на протеини “. Тие, на некој начин се Ахилова пета на канцерогените ќелии. Малигните ќелии се особено сензитивни на терапии кои ги спречуваат рибозомите да функционираат правилно.

Во својот труд , Лафонтејн покажува дека хемантаминот го  спречува производството на протеини, делувајќи на овие рибозоми во тнр. нуклеолус – нешто налик на фабрика за рибозоми.

Значењето на наодите и идни истражувања

Осврнувајќи се на Amaryllidaceae alkaloids, авторите на студијата објаснуваат дека нивните биолошки активности не се ограничени на антиканцерогените ефекти, но вклучуваат потенцијални антималарични, антивирусни и антиинфламаторни ефекти.

Силниот морфиум, кининот ( кој се користи против маларија ), како и ефедринот ( кој се користи во третманите на астма ) се дел од истото семејство како хемантаминот.

Научниците работат на обезбедување на рационален систем за дизајнирање на молекули со зголемена моќ и намалена токсичност.  Тие тестираат четири Amaryllidaceae алкалоиди во обид да ги идентификуваат најмоќните соединенија  кои можат да се развијат во валидна форма на антиканцерогена терапија.

 

Пред да започнете со користење на народна медицина, задолжително консултирајте се со Вашиот матичен лекар.

 

error: