АлтернативаНутриционизам

Сите добри страни на хељдата

Хељдата, иако се смета дека е житарица, таа припаѓа во групата на зелјест зеленчук. Најчесто во исхраната се користи  семето на хељда, но исто така, за припрема на чај, се користат цветовите и стеблото.

Цветовите на хељдата се многу ароматични, поради што ги привлекуваат пчелите, кои потоа прават многу посебен мед, со темна боја, јак мирис, и посебни лековити својства.

Хељдата се користи како замена за ориз или може да се приготвува каша.

Брашното од хељда се користи во исхраната, има посветло и потемно, а се смета дека потемното е побогато со нутриенти.

Хељдата не содржи глутен, поради што е иделна намирница за луѓето кои се интолерантни / алергични на глутен.

Нутритивна вредност на хељда

Хељдата е најмногу богата со јаглехидрати, но содржи и протеини, минерали и антиоксиданси.

                      Во 100 грама хељда има:
Компонента: Количина:
Калории 343
Вода 10 %
Протеини 13.3 g
Јаглехидрати 71.5 g
Шеќери ~
Диететски влакна 10 g
Масти 3.4 g
Заситени масти 0.74 g
Мононезаситени 1.04 g
Полинезаситени 1.04 g
Омега-3 0.08 g
Омега-6 0.96 g
Транс масти ~

Во однос на содржината на витамини, може да се каже дека е сиромашна, но, затоа пак, е добар извор на следниве минерали:

  • Манган: има висока содржина во целото зрно. Тој е есенцијален за здрав метаболизам, раст, развој и како антиоксиданс во одбраната на организмот.
  • Бакар: есенцијален микроелемент, кој има позитивно влијание на здравјето на срцето, кога се прима во мали количини.
  • Магнезиум: Доволната количина на магнезиум која се прима преку храната, е есенцијална за намалување на ризикот од појава на разни хронични заболувања, како дијабетес тип 2 или срцеви заболувања.
  • Железо: недостатокот на овој минерал доведува до појава на анемија.
  • Фосфор: овој минерал има важна улога во растењето и одржувањето на ткивата.

Добрата страна на хељдата е и ниската содржина на фитинска киселина, која е инхибитор на минералната апсорпција кај повеќето житарици, па со готвењето на хељдата нема да се намали содржината на минералите кои организмот треба да ги искористи.

Антиоксиданси кои се наоѓаат во составот на хељдата се:

  • Рутин: главен антиоксиданс во хељдата, кој ги намалува воспаленијата и крвниот притисок, го подобрува липидниот статус и го намалува ризикот од појава на канцер
  • Кверцетин: се наоѓа во составот на многу растенија, го намалува ризикот од појава на канцер и срцеви заболувања.
  • Витексин: испитувањата на животни покажале повеќе бенефити, но, преголемо консумирање може да придонесе до зголемена тироидеа.
  • Д-хиро инозитол: ова е единствен тип на растворлив јаглехидрат кој го намалува нивото на шеќерот во крвта и може да има позитивно влијание за контролирањето на дијабетесот.

Кои се благодетите од консумирањето хељда?

Кога ќе прочитате за што сè е добра хељдата, без исклучок ќе ја воведете во редовната исхрана:

  • Регулирање на шеќерот во крвта, поради што е одличен избор за храна кај дијабетичарите;
  • Редовно консумирање хељда може да го подобри здравјето на срцето, го намалува крвниот притисок и го подобрува липидниот статус;
  • Ја подобрува меморијата и е одлична храна за мозокот;
  • Ги ублажува последиците од хемотерапијата и зрачење;
  • Ја подобрува дигестијата, па е одличен избор на храна кај оние кои имаат проблем со столицата;
  • Чајот од цветот на хељда помага во олеснување на симптомите на болести на дишните патишта и белите дробови (кашлица, секрет), а мешавината на листови и цветови се користи за лекување на атеросклероза на крвните садови.
  • Брашното од хељда може да се користи за приготвување на каша, која се препорачува во исхраната кај децата и кај возрасните, а особено кај оние кои се изложени на поголем интелектуален напор, затоа што ја јакне меморијата и концентрацијата. Во Русија ја нарекуваат храна на студентите.
  • Кашата од хељда е добар лек против болести на желудникот и цревата, а помага и кај слабокрвност, како и кај оние кои имаат послаби нерви.
  • Свежите листови од хељда може да се ставаат директно на рана или исекотина, затоа што имаат изразено бактерицидно дејство. Додека, мешавина од најситно мелено брашно од хељда, помешано со ситно здробен лист од растението, е одлична еколошки беби-пудра, која ја штити нежната детска кожа од инфекции.
  • Покрај сите овие ефекти, еден од најважните е и нејзината корист во губење на вишокот на килограми!

Како правилно да ја приготвите хељдата

Како и другите житарици, поради содржината на фитинската киселина, се приготвува со претходно потопување.

Повеќе прочитајте на следниот линк: Еве зошто житарките мора да се потопуваат пред конзумирање

Откако ќе отстои минимум 6 – 12 часа, таа вода се исфрла, се проплакнува неколку пати, а потоа се додава вода (на 1 шолја хељда, потребно е половина до една шолја вода), во која се вари хељдата. Не дозволувајте целата вода да изврие. Поклопете го садот со капак, додека зрната да ја впијат целата вода.

Можете да додадете една лажица путер. Можете да ја комбинирате во солена или блага варијанта. Можете да приготвите вкусни салати со хељда, супи со хељда, а најдоброто е што една порција хељда може да биде цел оброк за доручек или ручек, кој ќе Ве засити, без да имате тегоби од прејадување.

Еве еден интересен предлог:

Во сварената хељда, додадете лажица путер, сецкани маслинки и мешавина од семки (сончоглед, сусам, семки од тиква, претходно пропржени на тава, на кои сте им додале малку хималајска сол). Измешајте, и имате готов готов оброк за 2 минути. Превкусна комбинација со кисело млеко или кефир, или можете да пробате и со свежа салата.

Добар апетит!

 

 

М.Д.

error: