Алтернатива

Природен рецепт за прочистување на белите дробови кај пушачи

Најлошата навика на 21-от век се цигарите. Со нив, доаѓа и постојаната кашлица и заболувањата на респираторниот систем. Единствено вистинско подорување е комплетно да се откажете од оваа навика. Но, доколку не можете или едноставно не сакате да го направите тоа, за среќа, постои целосно природен лек кој може да ви помогне во прочистувањето на белите дробови.

Потребни состојки:

  • Кромид – Кромидот има антиканцерогени својства и го намалува ризикот од заболувања на белите дробови.
  • Ѓумбир – Овој зачин е користен со години наназад и има огромни лековити својства.
  • Куркума – Најпознатиот индиски зачин, богат со разни витамини и минерали.

Рецепт за прочистување на белите дробови:

  • 2 лажици куркума
  • парче ѓумбир (околу 3-4 см корен од зачин)
  • 1 литар вода
  • 400 грама кромид
  • 400 грама кафеав шеќер(или мед)

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставете вода и шеќер да врие.
  • Кромидот исечкајте го на ситни парчиња.
  • Ѓумбирот излупете го и изрендајте го.
  • Додадете ги кромидот и ѓумбирот во садот со вода.
  • Кога соединетата смеса ќе зоврие, додадете ја куркумата и намалете го оганот. Кога смесата ќе се згусне, пресипете ја во тегли кои цврсто се затвараат.

Оваа смеса може да ја чувате во фрижидер. Најдобро е да го конзумирате овој рецепт рано наутро и навечер пред спиење, по 2 кафени лажици.

Пред конзумирање на било какви народни рецепти, задолжително консултирајте се со Вашиот лекар.

error: