Алтернатива

Листови од јагода во борба против ракот, дијабетесот, депресијата…

листови од јагода

Дршката и листовите од јагодите секогаш завршуваат во кантата за отпадоци, но во нив се кријат многу лековити дејства.

Важно е “лековите” да ги припремате со органски одгледувани јагоди, бидејќи тие се поздрави. Секогаш можете да ги оставите листовите да се исушат и да ги складирате некаде на страна за потоа да можете да ги искористите во било кое време. Особено ќе ви бидат од корист во зимскиот период бидејќи ќе имате резерва витамини во било кое време.  Листовите со дршката заедно имаат повеќе витамин Ц отколку што содржи плодот на јагодите а ги содржат истите микроелементи како и плодот.

Што се лечат листовите од јагодите?

Чајот подготвен од листовите и дршката од јагодите го зајакнува нервниот систем а со тоа помага и во ослободување од стресот. го намалува заморот, помага за депресивните епизоди, ја зајакнува крвта и многу друго.

Чај од листови од јагода за заштита од рак

Подготовка: Една кафена лажица сецкани листови и дршка од јагоди (по можност шумски) полијте ги со чаша зовриена вода. Оставете го чајот да отстои 20 минути а потоа процедете го. Овој вкусен и лековит чај се пие 3 пати на ден.

Листови од јагода за подмладување

За нега на лицето и вратот, изблендирајте ги дршките и листовите од јагода и комбинирајте ги со омилената маска за лице.

Листови од јагода за густа коса

За оштетена коса користете изблендирани листови и дршка од јагода со комбинација од сок од каланхоја и банана.

Листови од јагода против дијабетес

Овие зелени делови од јагодата се драгоцени за дијабетичарите, тие го стабилизираат нивото на шеќерот во крвта.

 

 

 

 

error: