Алтернатива

КУРКУМА: што сè може и не може да направи за вашето здравје

куркума

Овој живописен, жолто-портокалов зачин е нативно застапен во кујните на Индија, Азија и Средниот исток. Со векови се користи во Индиската медицина за третирање на здравствени проблеми, како што се проблеми со дишењето. Во последно време, куркумата се рекламира како супер храна во борба против карцином, депресијата, и повеќе. Но, што навистина зачинот куркума може да направи – или не – за вашето здравје, прочитајте подоле.

Депресија

Куркумата содржи неколку компоненти кои се добри за здравјето. Најпознат е куркуминот, кој има потенцијал да ја олесни депресијта и да помогне за подобро делување на антидепресивите. Но, досега, резултатите од истражувањата се различни по однос на ова прашање.

Дијабетес тип 2

Бидејќи куркуминот делува противвоспалително и ги намалува нивоата на шеќерот, може да биде корисен во превенција или лекување на дијабет тип 2. Во една студија во која биле вклучени 240 возрасни лица со предијабетична состојба, после 9-месечно користење на куркума, се намалиле шансите за развивање на дијабет. Но, истражувањата продолжуваат, иако голем дел од нив се на животни, а не на луѓе.

Куркуминот помага во борбата против разни вируси, вклучувајќи го херпесот и грипот. Но, повеќето истражувања се спроведени во лаборатории, не на луѓе. Имајте на ум дека во куркумата има околу 3% куркумин, а организмот не го абсорбира добро, па една шолја чај од куркума не може да ве излечи.

tumeric tea

Предменструален синдром

Една скорешна студија која следела жени во три менструални циклуси, со примената на куркумата им биле олеснети ПМС симптомите. Друга студија со стаорци, пак, дошла до заклучок дека куркумата може да ги олесни менструалните грчеви.

Покачен холестерол

Резултатите од истражувањата се различни. Според некои студии, куркумата може да го намали лошиот ЛДЛ холестерол, додека според други, нема никаков ефект. Една мала студија дошла до резултати дека куркумата може да ја намали можноста за срцев удар кај пациенти кои претходно имале бајпас хирургија. Истражувањата во овој правец сè уште продолжуваат.

Алцхајмерова болест

Лицата со оваа болест имаат хронично воспаление, а куркумата има природни антиинфламаторни ефекти. Па, дали таа може да помогне во лекување на болеста? За жал, сè уште нема научни докази дека куркумата може да ја превенира Алцхајмеровата болест.

Артритис

Куркумата има ветувачки можности за намалување на болките во зглобовите, вкочанетоста и воспалението. Како и да е, потребни се уште истражувања пред да се декларира куркумата како можен начин на лекување на артритисот. Ако одлучите да се обидете, тогаш нека вашето тело го абсорбира природниот куркумин, така што ќе ја јадете куркумата со црн бибер.

Карцином

Во лабораториски истражувања и на животни, куркумата го стопирала растот на канцерогените клетки, помогнала да ензимите за детоксификација функционираат подобро. Но, она што овие студии не ни го кажуваат, е, што се случува во телото кога се јаде куркумата. Постојат можности да куркумата интерферира со некои хемотерапевтски лекови.

Синдром на иритирани црева

Неодамнешна студии, една пилот студија во која биле вклучени 207 возрасни лица, и друга, со стаорци, дошла до откритија дека куркумата може да ги олесни симптомите на синдромот на иритирани црева, како што е абдоминалната болка. Сепак, потребни се повеќе истражувања во овој правец. Куркумата се испитува и во однос на нејзиното делување во третман на Кронова болест и улцеративен колит.

Главоболки

Постојат многу малку истржувања во овој правец, но, се препорачува за лекување на главоболките, особено мигрената.

Акни

Некои лица тврдат дека со ставање на маска на лицето од куркума или со јадење на куркумата, успешно се лекуваат акните на лицето. Ова веројатно се должи на антибактериските и антиинфламаторните својства на куркумата. Но, за жал, не постојат научни докази за ова.
woman applies facemask

На следниот линк прочитајте за : 9 природни додатоци за лекување на артритис

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: