Алтернатива

Кои чаеви се препорачуваат за добар сон?

Билните чаеви се најпопуларни пијалоци за релаксација на телото и умот. Со векови биле користени како природни лекови за спиење. Истражувањата од поново време исто така укажуваат на употребата на билните чаеви и нивната ефикасност како помош за добар сон.

Ова се 6 најдобри чаеви за добра ноќ.

Камилица

Позната е како билка која се користи како природен лек за намалување на воспалението, намалување на анксиозноста и за лекување на несоница. Всушност, камилицата се смета дека е благ седатив и стимулатор на спиење.

Смирувачкото дејство на камилицата се должи на апигенин – антиоксидативна компонента во цветот од камилица. Апигенинот се врзува со специфични рецептори во мозокот, со што се намалува анксиозоста и се иницира спиење.

Чајот од камилица може да помогне и во подобрување на квалитетот на сонот.

Корен од Валеријана

Валеријаната е позната билка со векови, која се користи за лекување на несоница, нервоза и главоболки.

Денес, е една од најпопуларните билки за подобрување на спиењето во Европа и САД. Покрај тоа што е достапен чајот од коренот од валеријана, ја има и како суплемент, во форма на капсули, или течна форма.

Механизмот на дејство не е точно познат. Според една теорија, валеријаната го зголемува нивото на невротрансмитерот ГАБА (гама-аминобутирна киселина), а кога е таа присутна во поголема количина, се зголемува, подобрува сонот и спиењето.

Лаванда

Лавандата е многу ценета поради ароматичниот и смирувачки мирис.

Во древните времиња, Грците и Римјаните често ја користеле оваа билка во бањата, за да го вдишуваат смирувачкиот мирис на лавандата.

Чајот од лаванда се припрема од малите виолетови цветови на растението.

Многу луѓе го пијат чајот од лаванда за релаксирање, смирување на нервите и за добар сон.

Маточина (лимон трева)

Екстрактот од маточина се користи во ароматерапијата, додека од листовите се припрема чај, за намалување на стресот и подобрување на спиењето. Шолја чај од маточина пред спиење, ќе ја намали несоницата.

Пасифлора

Чајот од пасифлора се припрема од надземниот дел на билката, сувите листови, цветови и стебло.

Традиционално се употребува за ослободување од анксиозноста и за подобрување на спиењето.

Во комбинација со корен од валеријана и хмељ, може да делува на подобрување на симптомите на несоницата.

Кора од магнолија

Магнолијата е цветно растение, познато преку 100 милиони години. Чајот од магнолија се добива од кората на растението, но може да содржи и делови од пупки и стебла.

Традиционално, магнолијата се користи во кинеската медицина за лекување на различни симптоми, како и абдоминални тегоби, назална конгестија и ослободување од стрес.

Денес се користи поради анксиолитичното и седативното дејство. Хонокиол е компонентата која делува на ГАБА рецепторите во мозокот, а со тоа се подобрува спиењето.

 

Сите овие билни чаеви се познати како помошни средства за спиење. Но, за жал, повеќето од истражувањата се однесуваат на екстрактите од овие растенија, или суплементи – не и на хербалните чаеви. Во екстрактите и суплементите концентрацијата на компонентите кои делуваат на подобрување на спиењето е поголема, за разлика од чаевите, поради што нивната ефикасност е помала.

Бидејќи многу билки и суплементи може да имаат интеракција со лекови или ОТЦ препарати, секогаш консултирајте се со Вашиот лекар пред да почнете да пиете некој чај за подобрување на сонот.

Резулатите секако варираат индивидуално, но, овие билни чаеви може да бидат добро решение за оние кои сакаат да си овозможат подобар ноќен сон на природен начин.

 

На следниот линк прочитајте за: Неверојатно лесен домашен лек против кашлица, погоден и за децата од најмала возраст

 

 

М.Д.

 

 

 

 

 

error: