Алтернатива

Го користите за готвење, а не знаете дека е одличен лек против кашлица

Сувата и долготрајна кашлица во овој период од годината е многу  честа појава кај голем број на луѓе. Постојат разни спрејови, сирупи и апчиња со чија употреба, кашлицата може на кратко да се сопре, но не и да се ослободите од неа. Доколку сакате засекогаш да се ослободите од кашлањето, мора да побарате природен лек. Во вашата кујна се наоѓа еден од најдобрите и сигурно го имате, а тоа е ловоровиот лист.

Сѐ што ви е потребно да направите домашен сируп од ловор е:

  • 6 ливчиња ловор
  • 2,5 дл. вода
  • 6 лажички шеќер
  • 1 лимон

За овој рецепт подобро е да користите кафеав шеќер.

Начин на подготовка :

Зовријте вода во метален сад и во неа додадете ги ловоровите листови, па варете ги од 6-10 минути. Водата во која го варевте ловорот, процедете ја во друг сад и во неа додадете  ги шеќерот  и лимонот. Мешајте сѐ додека не се растопи шеќерот. Овој сируп земајте го неколку патни дневно. Можете да пиете по една лажичка секогаш кога ќе добиете напад на кашлање. Овој сируп можете да го чувате во фрижидер неколку дена.

Ловоровите листови се богати со разни минерали и витамин Б. Заради одличното антисептичко и противвоспалително дејство, ловорот е одличен избор за заштита на имунитетот.

Оваа билка помага за подобро функционирање на нервниот и мускулниот систем, па влијае позитивно на метаболизмот и на хормонскиот статус. Чајот од ловор се употребува при лекување на болести на органите за варење, анорексија, губиток на апетит, кај шеќерните и кардиоваскуларните болести , како и за дезинфекција на просторот во кој се наоѓаат разни вируси и микроби.

 

Пред да започнете со користење на народна медицина, задолжително консултирајте се со Вашиот матичен лекар.

error: