Алтернатива

Дуњата – златна кралица на есента, лек од природата

Дуњата е витаминска бомба на есента, која е позната во народната медицина, а се користи, пред сè, за ублажување на кашлицата и смирување на стомачните тегоби. Ова овошје потекнува од Југозападна Азија, а лековити делови се плодот, листовите и семките, особено сокот и сирупот од плодот.

На што се должат лековитите својства на дуњата?

Плодот на дуњата е богат со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, витамин Б1, Б2, ниацин, каротен, калциум, магнезиум, бакар, калиум, натриум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сулфур. Покрај тоа, изоболува со протеини, диететски влакна и јаглехидрати.

Семките се всушност најлековитиот дел, кога ќе отстојат во вода, ослободуваат слуз која помага за ублажување на кашлицата. Тие содржат и голема количина на амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Богати се и со масти, танини, пектин, шеќери, јаболчна киселина, емулзин и протид.

Благодарение на слузите и танините ова овошје благотворно делува на работата на цревата и спречува инфективни болести. Поради содржината на пектините, кои поволно делуваат на кардиоваскуларниот систем, помага во снижување на крвниот притисок и овозможува заштита од радиоактивно зрачење.

Сокот од дуња помага во лекување на кашлица, астма и дијареа, додека печена или варена дуња се препорачува кај анемични лица, но и за лекување на воспаленија на желудочната и цревната слузокожа. Дуњата се користи за лечење на слузокожата на ждрелото, крајници, дишните патишта, како и ублажување на обилни менструални крварења. Чајот од семките од дуња лекува несоница, ублажува напнатост и отстранува непријатен здив од устата, додека слузта од семките се користи за лекување на рани и изгореници. Чајот од листови од дуња е одличен природен лек за спречување на дијареја.

Чај од дуња

Добро делува на намалување на тешкотиите со дишењето, ја смирува кашлицата, засипнатоста и ги ублажува симптомите на бронхит.

Начин на подготовка: Плодот се мие, се чисти и се сече на 4 дела. Се отстрануваат семките и тврдиот дел околу нив, а меснатиот дел се сече на листови, кои веднаш се ставаат во литар вода, за да не ја сменат бојата. На тивок оган се варат 15-20 минути, а потоа се остава да се олади. Се процедува и се пие во мали голтки во текот на целиот ден.

Сируп за бронхит

Народен лек против кашлица и воспаление на дишните органи, а се прави од само неколку семки.

Начин на подготовка: 5 семки од дуњата се дробат и се прелеваат со 100мл вода. Кога ќе се создаде густ слузаста маса, се додава 15 грама свеж сок од тегавец и 100 грама мед од жалфија. Се зема по една лажичка три пати на ден пред јадење.

Сок за желудочни тегоби

Сокот од дуња се користи за намалување на тегобите со варење на храната.

Начин на подготовка: Измиени и исчистени дуњи се рендаат, па се процедуваат низ газа. Сокот се пие веднаш, затоа што брзо оксидира. Најдобро е да се пие пред јадење.

Мелем за изгореници

Мелемот од семки на дуња може да помогне во лекување на поблаги изгореници и рани.

Начин на подготовка: 10 грама семки се дробат, се прелеваат со 200мл вода и се оставаат да отстојат, да се создаде слузава маса. Се нанесува на заболениот дел на телото, директно или како облога.

Препарат против брчки и испукани усни

За лице без брчки и негувани усни, народната медицина ги препорачува семките од дуња.

Начин на подготовка: 1 лажичка семки ситно се сецкаат, потоа се толчат во аван и се прелеваат со две лажички превриена вода. Откако добро ќе се измеша, се остава да одстои 10 минути. Со овој препарат може да се премачкуваат испукани усни и места на лицето со изразени брчки.

Начин на подготовка на лосион од кора на дуња: 200 грама кора од дуња измешана со 300 ml појака ракија,се чува 2 седмици. Потоа се процедува, а ракијата се става во 3 шишенца и херметички се затвораат. Со овој лосион се мачкаат деловите на лицето со брчки, два пати дневно.

Може да Ве интересира и за КУРКУМА: што сè може и не може да направи за вашето здравје

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: