Алтернатива

Домашни начини за отстранување на габичните инфекции

Ноктена габа е вид на габична инфекција која предизвиквуа значајни промени во нозете. Тие обично започнуваат со бела или жолта дамка на ноктите, но бидејќи инфекцијата е таму, ноктот може и целосно да ја смени бојата или да почне да се распаѓа на рабовите.

Бидејќи се топли и влажни, нозете имаат голем ризик од габични инфекции. Ноктената габа влијае врз секого, без разлика на пол и возраст. За среќа, оваа појава може лесно да се излекува со помош на домашни рецепти. Се што треба да направите, е да ги потопите нозете во едно од следниве соединенија:

Јогурт

Тој е богат со бактеријата позната како ацидофилија, која е мошне ефикасна во отстранување на лошите бактерии помеѓу ноктите и прстите. Освен тоа, јогуртот е и богат со разни микроорганизми кои можат самостојно да ги уништат овие инфекции. Се што треба да направите е да ги потопите нозете и убаво да ги истриете, а потоа измијте ги со топла вода.

Сода Бикарбона

Таа е една од најдобрите природни лекови во борба против овие инфекции. Измешајте вода и сода бикарбона во однос 3:1, и ставете ја во чевлите додека не се исуши.

Хидроген пероксид

100 милилитри хидроген пероксид од 3% измешајте во еден литар дестилирана вода. Потопете ги нозете во оваа смеса 20 минути. Ова ќе ви помогне да се ослободите од инфекциите и ќе спречи истите да се шират. Оваа постапка повторувајте ја еднаш дневно се додека инфекцијата целосно не се повлече.

Пченкарен скроб

Скробот има многу абсорциони својства и тоа го прави толку ефикасен. Тој ја апсорбира влагата од нозете и ги елиминира постоечките габи. Се што треба да направите е да измешате поволина лажичка пченкарен скроб со малку вода и оваа смеса ставете ја во рерна загреана на 220 степени додека не се затемни. Смесата нанесете ја на нозете и оставете ја една минута, а потоа исплакнете.

error: