Алтернатива

Домашен сируп против кашлица и настинка

Кашлицата и настинката можат да бидат толку упорни и долги. Сето тоа го исцрпува организмот. За настинката да трае што пократко, можете да го користите следниов домашен сируп. По 2 дена би требало да бидете како нови, наместо 7 дена да се мачите со кашлицата и температура.

Потребни состојки за домашен сируп против кашлица:

  • 3 лажици мед
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 лимон
  • 1 лажица цимет

Медот има високо антибактериско и антивоспалително дејство, кокосовото масло ги убива бактериите и вирусите, лимонот е огромен извор на витамин Ц, а циметот е исто така богат со антибактериски својства како и медот.

Подготовка:

Сите состојки убаво измешајте ги заедно додека не се соединат.

Примена:

Една лажичка од овој сируп земајте ја три до пет пати на ден, веднаш штом ги забележите симптомите на настинка.

Пред користење на било какви лекови од алтернативната медицина, задолжително консултирајте се со Вашиот матичен лекар.

 

 

Н.Н.

error: