Алтернатива

Чај од шипка – едноставен напиток со голема моќ

Овој чај содржи големи количини на витамин Ц и ликопен. Ликопен е моќен актиоксиданс кој помага во намалување на крвниот притисок. Ликопенот освен тоа, делува превентивно на појавата на ракот на грлото на матката и ракот на дојката и затоа е задолжителен продукт на менито кај жените.

Станува збор за чајот од шипка.

Лековити својства на чај од шипка

Тој ги ублажува и воспаленијата, па многумина го препорачуваат и како додаток во лекувањето од остеоартритис.

Овој чај исто така ги намалува и вкочанетоста и болките, и со тоа помага во полесно движење. Одредени експерти дури тврдат и дека помага во обновувањето на ‘рскавиците.

Ако ова до сега не беше доволно, тој помага и во отстранување на стомачните тегоби, како грчеви, дијареа, запек, и разни други проблеми со дигестивниот систем.

Но, можеби и најдоброто од сѐ, е тоа што ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката, кои имаат огромна улога во нашата благосостојба.

Пред започнување со лекување преку алтернативна медицина, задолжително консултирајте се со Вашиот матичен лекар.

error: