АлтернативаЗдравје

ЦБД МАСЛО: Чудесен лек или само добар маркетинг?

цбд масло

ЦБД или канабидиол е природна компонента која се наоѓа во марихуаната. Постојат некои докази дека помага во намалување на болката, епилептични напади и некои други здравствени проблеми. Но, потребни се повеќе истражувања од областа на медицинската примена и бенефитот, за да може лекарите со сигурност да го препорачуваат. ЦБД маслото може да се користи како прочистено масло, или пак се наоѓа во состав на некои производи, како таблети, тинктури, производи за инхалација, креми за кожа, или како чоколада, а количината и квалитетот на ЦБД во нив е различен.

Дали ЦБД маслото предизвикува “high чувство” и зависност?

ЦБД не – друга компонента во составот на марихуана е таа која предизвикува чувство на “high”- ТХЦ. Ако користите производ со ЦБД, проверете дали е прочистено од ТХЦ.

Самиот канабидиол не предизвикува зависност, но, ТХЦ да. Затоа проверете го составот и количината на оној производ што го употребувате.

Дали ЦБД помага за намалување на епилептичните напади?

ФДА има одобрено само еден производ со ЦБД, кој се користи за третирање на два ретки типа на епилепсија: Lennox-Gastaut синдром и Dravet синдром. Се вика Epidiolex и е одобрен за употреба кај возрасни и деца поголеми од 2 години.

Дали помага во намалување на болката?

Сè уште се прават истражувања дали ЦБД маслото помага при артритис. Некои лица со ХИВ тврдат дека им помага во намалување на болката на нервите – неуропатија. Постојат некои докази дека помага во намалување на мускулните спазми поврзани со мултиплекс склероза, но, потребни се повеќе истражувања од оваа област.

Дали помага за нормализирање на крвниот притисок?

Во нормални услови, ЦБД нема значително влијание. Но, истражувањата се во насока на одржување на стабилен притисок при стресни ситуации. Потребни се повеќе истражувања за да се објаснат овие ефекти.

Дали помага во намалување на воспалителните процеси?

Раните студии покажуваат дека ЦБД има поволен ефект, особено во намалување на воспалителни процеси поврзани со артритит, МС, дијабетес или Алцхајмерова болест. Но, потребни се повеќе истражувања и од оваа област.

Дали помага при карцином?

Во истражувања спроведени на лабораториски глувци, ЦБД маслото ги убива канцерогените клетки на дојката и го подобрува дејството на хемотерапевтските лекови. Но, потребни се истражувања кај луѓе за да се докаже овој ефект.

Дали е добро за кожата?

Постојат докази дека ЦБД може да се користи во третман на акни, спречува оштетување на клетките на кожата.

Дали помага при психози?

Во една студија резултатите укажуваат дека се олеснуваат симптомите на психоза кај лицата со шизофренија, но, потребни се повеќе истражувања. Треба да се внимава на составот на маслото, бидејќи ТХЦ го има спротивниот ефект.

Дали помага во лекување на зависност?

Потребни се повеќе истражувања, но, раните студии покажуваат дека ЦБД помага при процесот на одвикнување од цигари, како и наркотици, хероин, кокаин и метамфетамин. Ова веројатно се должи на ефектот на намалување на анксиозност и мускулната тензија.

Дали има несакани ефекти?

Досега, не се познати сериозни несакани ефекти. При примена на ЦБД маслото во третман на епилепсија или психотично нарушувања, луѓето пријавиле умор, дијареа, или промени во апетитот. Но, ЦБД може да има влијание на дејството на другите лекови, затоа информирајте го вашиот лекар ако примате други лекови, па дури и витамини и други суплементи.

 

На следниот линк прочитајте: Дали е можно да се биде алергичен на марихуана?

 

М.Д.

error: