Алтернатива

Аурикулотерапија – со стимулирање на ушите до ослободување од анксиозност и болки во телото

Според традиционалната кинеска медицина, различни делови од нашите уши се поврзани со одредени органи и системот на нашето тело. Стимулирајќи ги тие делови на ушите, според кинеската медицина, можете да излечите разни проблеми во вашиот телесен систем.

Тоа е всушност, главната цел на аурикулотерапијата, една од гранките на кинеската медицина, која се изведува со акупунктура или со помош на “ушни семиња” од билката вакарија, кои се поставуваат на клучните точки на увото, со помош на леплива трака.

Семето треба да остане на ушите 5 дена (притоа, можете нормално да се туширате, да спиете и да ги обавувате секојдневните обврски), но може да се случи самото да падне, во зависност од тоа каде се наоѓа и како е наместено.

Многумина веруваат дека ова чудесно семе или постапка (доколку се прави со игли), може да ги намали главоболките и болката во грбот, па дури и да излечи одредени зависности и да го намали апетитот.

Кога станува збор за делотворноста на оваа метода, според резултатите од студијата спроведена во 2017 година на Универзитетот во Сан Паоло, се гледа како оваа терапија кај медицинските сестри кои учествувале во студијата, најделотворно ја намалила анксиозноста.

Иако научниците не ја исклучуваат во целост можноста за лекување со помош на оваа “семена терапија”, сепак сметаат дека се потребни дополнителни истражувања, како би можела нивната делотворност да се докаже или да се побие. Дотогаш, можеби е посигурно да се држите до акупунктурата и тоа само кај доктори кои се специјализирани за тој начин на лекување.

error: