Занимливости

Жените од оваа крвна група имаат најмали шанси да забременат

Дали жените треба да формираат семејство и да раѓаат додека се млади или прво треба да изградат кариера, зависи од тоа на која крвна група и припаѓаат. Ова особено се однесува на дамите со крвна група О, бидејќи имаат двојно поголеми шанси да останат без здрави јајце клетки или да се јават други здравствени проблеми поврзани со плодноста-предупредуваат американските експерти од Алберт Ајнштајн колеџот.

Спроведените истражувања покажуваат дека, жените со оваа крвна група имаат помали резерви на јајце клетки отколку жените со друга крвна група. Утврдено е дека дури 44 проценти од популацијата има крвна група О, додека најголемиот број се жени. Од друга страна пак, припадничките на понежниот пол со крвна група А и Б се заштитени од недостаток на здрави јајце клетки.

Жените со крвна група О, немаат антигени А и Б и од таа причина имаат поголема можност да им се намали бројот на резервите на јајце клетки. Резервите на јајце клетки се намалуваат со текот на годините, така што од просек од 2 милиони при раѓање, во пубертетот тој број изнесува 400 илјади, а по 40-тата година дури неколку стотини.

error: