Занимливости

ТРИ ТИПА НА ТЕЛО: При каква исхрана треба да се придржува секој од нив?

Според Ајурведи, постојат три типа на тела, а познатата нутриционистка Ли Холмс своето патување во Индија го посветила на изучување на овие типови. Всушност, начинот на исхрана според формата на телото и помогнал и неа да го намали конфекцискиот број на облеката која ја носи.

Постојат три типа на тела: вата, пита и капа, а за секој од нив е потребен посебен начин на исхрана, кој зависи од годишното доба (зиме и лете, треба да се јадат различни намирници).

Што треба да јаде Вата типот (правоаголник)

Вата типот обично е тенок и лесен, со голем апетит и енергија, а може да биде и во “облик на банана”.
Вата се поврзува со енергијата на воздухот и етерот, има експлозивна енергија, проследена со изненадувачки замор. Овие типови сакаат возбуда и нови искуства, брзо се лутат, но и брзо простуваат.

Што треба да јадат?

Лицата од овој тип, треба да јадат добри масти и масла, топла храна и готвен зеленчук.

Што се случува кога личноста со вакво тело е дисбалансирана?

Личноста доживува панични напади и страв, а за да може телото да се врати во баланс, таа треба да ужива во прошетки на отворено, да вежба јога и загревање на телото.

Важно е Вата типовите, зимно време да се смират и да спијат, а нивната зимска исхрана би требала да се состои од големо количество на топла и готвена храна како што се супи и чорби.

Исто така, треба да јадат добри масти од јаткасти плодови и здрави масла, како на пр. кокосовото масло. Овие типови, во исхраната можат да вклучат и слатка храна, но и солена храна, како што се морските алги. Зелениот зеленчук, карито и здравите зачини се исто така, корисни за овој тип на тела. Од храна, треба да се избегнуваат сировите намирници, бидејќи можат да создадат гасови и надуеност.

Што треба да јаде Пита типот (Крушест облик на телото)

Пита типот е поврзан со елементите вода и оган и обично е со средна висина, а лицата со ваков тип на тело имаат голем аптетит и многу енергија.

Пита типовите се интелектуалци, лесно се концентрираат, а кога не се во баланс, доаѓа до осип на кожата и тахикардија.

Што треба да јадат?

Пита типовите лесно се здебелуваат, но и лесно го симнуваат вишокот килограми. Тие треба да јадат храна која брзо ќе ги разлади и освежи како на пр. свежо овошје и зеленчук.

Што се случува кога не се балансирани?

Лицата со ваков облик на телото, доколку не се во баланс, многу брзо стануваат лути и напнати. За да се доведат во рамнотежа, треба да се трудат да останат воздржани и ладни, а тоа ќе го направат така што, ќе имаат повеќе водени активности и ќе вежбаат јога.

Заради ладењето на телото, Пита типовите треба да внесуваат големо количество вода во организмот, па дури и во зима. За нив, најдобар избор на храна се слатките намирници како на пр. слаткото овошје, темнозелениот лиснат зеленчук и краставиците. Зимно време треба да јадат месо, јајца и лути зачини. Совршен зимски доручек за овие типови е кајгана со куркума. Би требало да се држат подалеку од солта, киселото овошје и алкохолот, бидејќи тие прават да се чувствуваат потопли.

Што треба да јаде Капа типот (тело во облик на јаболко)

Капа типовите имаат поцврст облик на телото и поголема издржливост.
Овој тип се поврзува со елементите земја и вода. Мирни се, внимателни и многу трпеливи. Лицата со овој тип на тело се склони кон повлекување и игнорирање на стресните состојби.

Што треба да јадат?

Овие лица треба да јадат зеленчук, овошје, мешунки и зачинета храна.

Што се случува кога не се во баланс ?

Кога не се во баланс, Капа типовите добиваат алергија и иритација на слузокожата. За да го вратат телото во рамнотежа, треба да јадат сува храна како што се овошјето и зеленчукот, салатите, топла и зачинета храна, а треба да одбегнуваат млечни производи бидејќи создаваат иритација на кожата.

Во зимскиот период, треба да бираат полесна храна, сува и топла, бидејќи тоа го стимулира варењето. Исто така, во исхраната треба да вклучат и лути зачини како на пр. бибер и ѓумбир.

error: