Занимливости

Токсичен вид на магдонос може да доведе до смрт

Џошуа Квик, професионален трагач на храна, открил смртоносна билка кукута на Portkin Sands во Cornwall, и предупредува дека и нејзина најмала количина може многу лесно да убие.

Смртоносната билка која изгледа како пашканат, откриена е на плажите во Обединетото Кралство, и се рашири од страв дека кучињата можат да настрадаат доколку ја изедат. Билката наречена Кукута пронајдена е во Cornwall како последица на невремето Ема.

Џошуа Квик вели дека ериозијата предизвикана од невремето довела до тоа оваа билка да се најде токму тука.

„Коренот е отровна кукута (lat. oenanthe crocata) и доколку го изеде човек или куче, би било фатален. Изгледа и мириса слично на пашканат. Иако е преубава билка, таа е една од најотровните на северната хемисфера, а коренот е мошне токсичен“ вели Квик.

Што е кукута?

Кукута е европска билка, дел од фамилијата на магдонос. Има стебло со виолетови точки и лист во облик на папрат, мали бели цветови, и непријатен мирис. Најчесто расте помеѓу 150 и 240 сантиметри, и има мазно и зелено стебло.

Сите делови од оваа билка се токсични, па дури и мала количина може да доведе до респираторен застој, бидејќи содржи супстанца слична на никотин. Доволно е само 0,1 грам од оваа билка за возрасен човек да заврши несреќно.

Кукута најчесто расте покрај огради, патишта, градилишта, каде што е лесно да се помеша со некој безопасен вид на билка.

Осудениците во античка Грција убивани се со отровот од Кукута. Се смета дека прочуениот грчки филозоф Сократ го испил овој отров откако бил осуден на смрт.

 

Н.Н.

error: