ЗанимливостиФизичко Здравје

Што кажува бојата на Вашите очи за Вас и Вашето здравје

Според повеќе спроведени истражувања, обикот на очите, како и нивната боја, може да индицираат на одредена болест. Кои се можните болести?

Карцином на очи

Имате сини, зелени или сиви очи?  Можеби спаѓате во ризичната група за развој на многи редок тип на очен карцином, меланом.

Доверливост

Според истражувачите, луѓето со кафеава боја на очи се подоверливи. Но, некои заеднички карактеристики на лицето кај лицата со кафеави очи се оние кои им даваат на другите луѓе поголемо чувство на доверба.

Промени во нивото на шеќер во крвта

Според студија од 2011 година, луѓето со комбинација на сини очи и светол тен на кожата имаат поголем ризик од развој на дијабет тип 1.

Опаѓање на слухот

Истражувањата покажуваат дека луѓето со кафеави очи имаат помал ризик од намалување/губење на слухот кога се наоѓаат во средина со силна бучава, за разлика од оние со сини очи. Тоа се должи на поголемиот процент на меланин во очите и ушите, што им дава поголема заштита при бучава.

Алкохолизам

Според студија од 2015 година, луѓето со сини очи имаат поголема склоност кон пиење алкохол, а со тоа и поголем ризик да станат алкохоличари.

Ендометриоза

Истражувањата покажале дека жените со сини очи се со најголем ризик од појава на ендометриоза. Се верува дека станува збор за поврзаност на гените кои се одговорни за сината боја на очите, со оние кои се одговорни за развој на ендомтриоза.

Ефикасност на терапија

Темните очи може да значат дека подобар одговор на терапијата ќе има кај овие луѓе, со примена на поригорозни третмани. Додека кај луѓето со сини очи, терапијата треба да се прилагоди според темпото кое ги наметнуваат, поспоро.

Витилиго

Луѓето со сини очи имаат помал ризик за развој на витилиго. Научниците сметаат дека можеби причината е во гените кои се одговорни за сината боја на очите, истите тие гени го намалуваат и ризикот.

Катаракта

Според една Австралиска студија, се смета дека ризикот од катаркта е поголем кај лицата со темно кафеави очи.

Големина на зеници

Научниците сметаат дека големината на зеницата е поврзана со интелегенцијата. Поголеми зеници – подобра конеција со мозокот.

Шарени очи

Ако имате сино прошарување низ кафеавите очи, тоа може да биде знак за Waardenburg синдром. Ова е генетско заболување, при кое може да дојде до губење на пигментот на косата, кожата и очите. Исто така, може да предизвика и губење на слухот, како и физички промени на лицето, како широко поставени очи и широк нос во основата.

Спортски вештини

Ако имате кафеави очи, тогаш ќе бидете многу добри во бокс, удирање топка, одбрана во фудбал. Додека, ако имате сини очи, обидете се во куглање, голф, игри кои ќе ја контролирате акцијата од почеток до крај.

Толеранција на болка

Теоријата е дека жените со темни очи имаат помала толеранција на болка. При породување, тие доживуваат поголем стрес, чувствуваат поголема болка при будење, при движење, и почесто се депримирани поради таа болка.

Макуларна дегенерација

Една Австралиска студија вели дека луѓето со светли очи имаат поголем ризик од развој на макуларна дегенерација, болест поврзана со стареење, при која може и да се изгуби видот.

М.Д.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: