Занимливости

Што ќе се случи доколку спиете завиткани со фолија?

Сигурно сите сте слушнале за замотување на некои делови од телото со пластична фолија со цел побрзо слабеење. Но, малкумина знаат какви се резултатите од тоа. Една мајка решила да го истражи ова, и неколку ноќи пред спиење се обвиткувала со пластична фолија околу стомакот, и со завој над пластичната фолија. Добила одлични резутлати, и ги советува сите оние кои не веруваат во брзо слабеење, да го направат истото и да се уверат.

“После три породувања мојот стомак не беше ниту рамен, ниту привлечен. Една пријателка ме наговори и купив лосион од алги, пластична фолија и завој и почнав со наједноставниот начин за слабеење”, вели таа.

„Рамен стомак без броење на калории или AБС диетата помага да изгубите околу 6 килограми за околу две недели. Нанесувате тенок слој на лосион околу стомакот, ставате фолија и врз тоа замотувате завој. Потоа одете на спиење“ продолжува.

Тајната во овој метод е тоа што се губи вишокот вода организмот. Идеален период за примена на овој метод е во лето, бидејќи додатно помага во потење и му помага на организмот да ги исфрли непотребните течности.

Секако, мора да се напомене дека успехот на овој метод е краткотраен бидејќи водата постојано се наталожува во нашиот организам, па се препорачува ваквиот метод да се користи во комбинација со вежбање и здрав начин на исхрана за да би добиле тело кое секогаш сте го посакувале.

error: