Занимливости

Еве што да направите доколку се потите повеќе од нормално

прекумерно потење

Телото на еден здрав човек не би требало да испушта повеќе од 400 милилитри пот на ден. Но, кај некои луѓе потењето ги надминува контролата и границата. Преку потењето, се лачи и 1,5 литри течности на ден. Во вакви случаи, би требало да се обратите кај лекар, кој може да ги утврди причините за настанатиот проблем. Истовремено е мудро да следите одредени правци во исхраната за да се спречи прекумерно потење.

Клучни чекори за да се спречи прекумерно потење

  • Избегнувајте преработени јаглехидрати.
  • Внесувајте јаглехидрати со поголема количина на влакна и хранливи материи, односно интегрални тестенини и брашно.
  • Млекото треба да содржи помалку маснотии.
  • Намалете го консумирањето на сол. Препорачаниот лимит на дневниот внес е четири милиграма.
  • Јадете храна богата со калциум. Телото ќе биде поздраво и помалку ќе се поти.
  • Особено во летните месеци, избегнувајте лук и кромид.
  • Намалете го консумирањето на маргарин и сончогледово масло. Храната варете ја и приготвувајте ја со маслиново масло.
  • Kонсумирајте билни чаеви, во поголеми количини. Од домашните растенија најдобра е жалфијата, па затоа секојдневно треба да пиете чај од жалфија.

Кога ќе се измешаат со вода, од многу билки се ослободуваат лековити материи, а жалфијата е одлична доколку имате проблем со прекумерно потење. Комбинацијата на етерични масла, танин, горчливите материи и флавоноидите ја регулираат активноста на потните жлезди, а резултатите се видливи по само две недели.

Еден од најдобрите рецепти против потењето, со помош на жалфијата е следниот: прелијте три лажички жалфија со една шолја зовриена вода, покријте ја и оставете ја течноста да отстои десеттина минути. Почекајте чајот да се излади пред да го испиете, a потоа процедете го. Дневната доза е три шолји.

Ако страдате од потење во текот на ноќта, последната шолја чај од жалфија испијте ја два-три часа пред спиење.

Би можело да ве интересира и: 5 примени на обичниот дезодоранс во секојдневието

 

 

Н.Н.

error: